21.7 C
Ohrid
понеделник, јули 14, 2025
ПочетнаМакедонијаНејзините органски сокови се продаваат и во Австралија: Стружанката Маја Милошевска, на...

Нејзините органски сокови се продаваат и во Австралија: Стружанката Маја Милошевска, на седум хектари одгледува органски производи

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Стружанката Маја Милошевска, успешно раководи со семеен бизнис. На седум хектари одгледува органски производи. Пишува: mk.voanews.com

<

Маја и нејзиното семејство во моментот се насочени кон производство на органски сокови, а таа е задолжена за продажбата на производите. Таа е позитивен пример, на развој на сопствениот бизнис и во време кога поради пандемијата со Ковид 19, многу бизниси предводени од жени згаснаа.

Со само триесет години, Маја Милошевска од Струга, успешно раководи со семеен бизнис. Се започнало пред десет години, кога на површина од шест хектари почнале да одгледуваат аронија, за да од неодамна го прошират бизнисот и со насади од боровинка. Истите се наоѓаат во близината на селото Враништа, струшко, каде плодната почва, дава резултати.

Почнавме со 17.000 садници на аронија. Со тоа што на почетокот имаше помал род, а како што понатаму се зголемува родот и сега се уште сме на тоа ниво, со тоа што се проширивме со боровница. Оваа година имавме 17 тони аронија“, вели Маја Милошевска, сопственичка на бизнис за производство на органски производи.

Во моментот се насочени кон производство на органски сокови, а Маја е задолжена за продажбата на производите. Таа е позитивен пример, на развој на сопствениот бизнис и во време кога поради пандемијата со Ковид – 19, многу бизниси предводени од жени згаснаа.

„Ковид кризата според статистичките податоци намалила околу 1000 субјекти кои што се раководени од жени. Се намалува обемот на работа и речиси е сведен на минимум обемот на работа. И оние компании кои се уште не згаснале, повеќето размислваат како да стигнат до плата, ако не се сувбенциите од државата или евентуално да ја затворат компанијата“, коментира Валентина Дисоска, Здружение на бизнис – жени.

Дисоска вели дека она што ќе биде неопходно во иднина е државна помош за реструктуирање на компаниите или пронаоѓање на нови дејности со кои ќе можат да се занимаваат.

„Бидејќи пазарот нема да остане ист ни после пандемијата. Преструктуирање или учење на нови вештини за развој на бизниси треба да ни бидат следните најприоритетни активности“, заклучува Валентина Дисоска – Здружение на бизнис – жени.

Според бројките на Агенцијата за вработување, во периодот после 11.03.2020 година, односно во периодот на Ковид-19 кризата, без работа останале 9619 жени. Од нив, дури 4617 се на возраст од 30-49 години. Најголемиот број се од преработувачката индустрија и од трговијата на големо и мало.

Но, Маја ништо не ја обесхрабрува. Ниту пандемијата, ниту пак, постојаните предизвици со кои се соочува.

mk.voanews.com

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мицкоски: Ако беше лесно сигурно немаше да бидеме избрани од народот ние. (ВИДЕО)

Премиерот Мицкоски објави видео од него и вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николовски од првата делница од долгоочекуваниот автопат Кичево – Охрид со...

Во 2027 година автопатот Кичево Охрид ќе биде целосно завршен и пуштен- За мецес дена ќе бидат пуштени уште 18км!!!

За околу месец и пол премиерот Христијан Мицкоски очекува во употреба да бидат пуштени уште 18 километри од автопатот Кичево- Охрид. Со нив и...

Голем пожар во Злокуќани: Зафатени шест куќи, 7 лица побарале лекарска помош!

Голем пожар избувна вчера вечер околу 20 часот во скопската населба Злокуќани, при што беа зафатени три куќи на улицата „Скупи“. Пожарот, кој првично започнал...

Жителите на Песочани, Ново Село, и Црвена Вода, прашуваат кога ќе се изградат пристапните патишта?

По вчерашното пуштање во употреба на дел од Автопатот Кичево-Охрид,делницата Врбјани-Ботун,по нивно барање денес остварив средба со група граѓани од населените места Песочани, Ново...