25 C
Ohrid
четврток, јули 29, 2021
Почетна Македонија Филипче: Јас мислам добра работа направивме со тоа што ги затворивме угостителските...

Филипче: Јас мислам добра работа направивме со тоа што ги затворивме угостителските објекти, резултатот е видлив.

Translate (Eng):[gtranslate]

Искуството ни покажа дека во угостителските објекти и покрај тоа што има протоколи мерките не се почитуваа, па затоа мерката за нивно затворање е добра, особено во предпразничен период.

Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека одлуката за затворање на угостителските објекти во овој период може да придонесе за намалување на ширењето на ковид-19.

„Мислам дека е добра ваква мерка во пресрет на празниците. И тоа беше главниот концепт околу кој дискутиравме – дали треба да имаме радикална мерка и сериозно да го намалиме притисокот пред некои настани кои се сериозен ризик, а по две недели можеби за угостителските објекти ќе дадеме некои други препораки. Сепак, искуството покажа дека тоа се места каде и покрај тоа што има препорачани мерки, дистанца, сепак има групирање и непочитување на тие превентивни мерки. И затоа е таа препорака. Сакаме на некој начин, да го намалиме притисокот кон здравствениот систем“,

РЕКЛАМА

рече Филипче.
За евентуални промени во однос на мерката, напомена, ќе се анализираат бројките и податоците за сите градови поединечно како што се прави секоја недела.

„Не смее да се дозволи експлозија и создавање кластери за празниците, посебно во ваква ситуација кога системот е оптоварен со бројни пациенти по болниците“,

потенцира Филипче.
Според директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски, и по една година од пандемијата, сè уште има угостители, но и граѓани кои не ги почитуваат протоколите.

Инспекциските служби од 29 март од 4 април спровеле вкупно 5 236 надзори и контроли. Само пазарните инспектори извршиле над 4 500 контроли и надзори при што изрекле 34 прекршочни пријави, 91 решение и 43 платни налози. Вкупно осум угостителски објекти се затворени поради непочитување на протоколите, два во Скопје и Битола и по еден во Гостивар, Тетово, Струга и Куманово. Во овие угостителски објекти не се почитувало работното време или бројот на гости, односно ограничувањето на гости на една маса. Во сите случаи е изречена забрана за вршење дејност, односно тие се затворени на лице место, а дополнително се изречени и соодветни прекршочни платни налози.

Од Нова година до сега се затворени преку 78 објекти поради непочитување на протоколите.

- Реклами -