14.9 C
Ohrid
сабота, јули 27, 2024
ПочетнаМакедонијаКочанчани се тепале со група крадци за време на полициски час.

Кочанчани се тепале со група крадци за време на полициски час.

Пристигнаа околу десетина возила. Внатре имаше возрасни мажи. Кога излегоа од возилата видовме дека во рацете држат секири, хебли и стапови. Почнаа да мават по нас. Удараа по кој можат и каде ќе стигнат. На една жена , која дојде да го одбрани сопругот и ставија секира на вратот. Беше хаотично и страшно„- вака за Алфа раскажува анонимем жител на кочанската населба Трајаново трло, каде што сношти еден час по почнувањето на полицискиот час се водела вистинска војна. Физичката пресметка помеѓу жителите на населбата и група крадци се случила откако на дело бил фатен малолетен крадец кој и претходно оперирал по нивните домови. Исплашени за сопствените животи засега никој не сака да зборува јавно за она што се случувало ноќеска. Велат живеат во грч и постојан страв. Очекуваат состојбата да ескалира, доколку надлежните не преземат нешто. Во синоќешната физичка пресметка повредени се тројца граѓани кои сами побарале лекарска помош. побарале медиццинска помош. Со контузии на главата и исеченици по рацете и нозете вчера во Итната медицинска помош примени се три лица, на кои откако им се санирани повредите се пуштени на домашно лекување, потврди директорот на Општа болница Кочани, Александар Серафимов.

Се шпеулира дека бројот на повредени е поголем. Од СВР-Штип го потврдија случајот. Официјални информации најавија, но откако ќе заврши целата истрага.

Тензијата во кочанската населба ТРајаново Тло трае речиси два месеци. Месното население организираше и неколку протести барајќи од градоначалникот да им вети спокоен живот, а од полицијата засилени контроли и поголема ажурност во фаќање на крадците кои во ноќните часови им ги демнат домовите.

Александра Ристевска

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кавадарчанец украл коњи кои требале да учествуваат на „Илиденски марш“

Министерството за внатрешни работи информираше дека вечера во 08.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.В.(44) од Кавадарци. Кај него бил...

Парите се запленети: Македонски граѓани сакал да внесе скоро 7.000 евра

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегално изнесување 6.800 евра од патник кој не пријавил дека носи поголема сума девизи. - Лицето...

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно

Три девокји синоќа околу 23 часот безбедно биле евакуирани откако на симнување од врвот на Водно имале средба со диви свињи. Тие на бројот...

Почина бебе во Богданци – телото дадено на обдукција

Вчера во 09.10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе. Според надлежните, бебето од раѓање...