25.9 C
Ohrid
недела, јули 13, 2025
ПочетнаМакедонијаМакедонско државјанство ќе се добива со ученичка книшка, сметка за струја, греење...

Македонско државјанство ќе се добива со ученичка книшка, сметка за струја, греење или вода

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Во Собранието денеска се очекува да се одржи средба меѓу премиерот Зоран Заев и претседателите на опозициските албански политички партии, Алијанса за Албанците и Алтернатива, Зијадин Села и Африм Гаши.

<

На средбата треба да се разговара за законот за државјанство и решавање на проблемот со немањето државјанство на одреден број граѓани, како и за одблокирање на работата на Собранието.

Лидерот на Алијанса за Албанците Зијадин Села, за Радио Слободна Европа ги потврди зборовите на премиерот Заев дека со сведоци нема да се добива државјанство, туку со документ, со кој ќе се потврди дека лицето живеело во Македонија јавува Сител Телевизија.

Меѓу документите кои се предвидува да важат како доказ се ученичките и здравствените книшки, работничките и штедни книшки во банки низ земјава, сметки за платена електрична енергија, греење или вода, докази за имот, потврда за платен данок, недвижен имот, земјоделски или друго, даночно решение, потврда за извршено лекување во здравствен дом или други докази од здравствени власти со кои се потврдува постојаното живеење на територија на Македонија. Решавањето на прашањето на државјанство би придонело и во деблокирање на Собранието од илјадници амандмани кои ги достави коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива.

Превземено -целосната вест во Сител Телевзија

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Крвава семејна веселба во Прилеп: Двојно убиство и самоубиство!

Прилеп е во шок по вчерашната трагедија во една од градските населби, каде што заложничка драма заврши со тројца загинати. Според првичните информации од...

МВР одобри 24-часовна полициска заштита за Данела Арсовска

МВР ѝ одреди 24-часовна заштита на Данела Арсовска по серија закани и инциденти. Министерството објави детали за сите случаи и апелира за институционална соработка. Одлука...

Градоначалникот Пецаков: „Заливот на коските” – пример како се гради туристичка приказна

Денеска во употреба се пушти целосно санираниот Музеј на вода - "Заливот на коските". Овој музеј е значајна алка во туристичката понуда на градот и...

ВМРО-ДПМНЕ: Само СДС и бугарските политичари се во одбрана на Данела

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека некогаш големата СДСМ се сведела заедно со Бугарија да бидат гумата за спасување на кариерата на Данела Арсовска. „И СДС во...