27.9 C
Ohrid
вторник, јули 1, 2025
ПочетнаМакедонијаВелешанец криел психотропни супстанции во лева патика, го фатиле на автопат.

Велешанец криел психотропни супстанции во лева патика, го фатиле на автопат.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Основното јавно обвинителство во Велес донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против едно лице од Велес на возраст од 31 година за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промeт наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

<

Осомничениот на 13 април, неовластено заради продажба држел наркотична дрога – кокаин во количина од 7,45 грама спакувана во едно полиетиленско пакување. Дрогата ја купил во Скопје од засега непознато лице, па со автомобил се упатил кон Велес. Пакетчето со дрога го држел скриено во левата патика, но му било пронајдено и одземено од полициски службеници на наплатната станица Сопот.

Имајќи предвид дека постои опасност од повторување на кривичното дело и опасност од бегство, со оглед на тоа што осомничениот подолг период престојува во Република Германија и имал намера повторно да замине таму, јавниот обвинител до Судот достави предлог за определување притвор. Предлогот беше прифатен од страна на судијата на претходна постапка на Основен суд Велес и определен е притвор во траење од 30 дена.​

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Март Кос: Идентитетот ви се манастирите, погачата, тавче-гравче, пинџурот или полнетите пиперки!

Еврокомесарката за проширување Март Кос вели дека идентитетот не може да биде предмет на политичко одлучување, бидејќи идентитетот е нешто што си го носиме...

Охриѓанец во ноќен клуб си ја истепал сопругата.

На 01.07.2025 година во 09.15 часот, лишен од слобода е С.Г.(35) од Охрид кој на 30.06.2025 година во 22.10 часот, во ноќен клуб во...

Тошковски: Апсењето во Струмица беше филмско, планирале дрогата да ја изнесат надвор од Македонија

Три лица уапсени, автомобилот бил полн со дрога, постоел план за нејзино изнесување од Македонија. Ова се клучните детали од вчерашната акција во Струмица,...

Битолчанец во казино претепал доктор, па потоа ја нападнал и полицијата !!!

Предложен притвор за осомничен за напад врз лекари и полицајци Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека...