20.5 C
Ohrid
вторник, јули 1, 2025
ПочетнаМакедонијаБорче од Свети Николе го продава својот Мерцедес-Парите од продажбата ќе бидат...

Борче од Свети Николе го продава својот Мерцедес-Парите од продажбата ќе бидат донирани во хуманитарни цели…

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Полека но сигурно се буди хуманоста кај македонскиот народ, еден од нив е и Борче Сарафинов од Свети Николе. Борче го има огласено своето возило марка Мерцедес а парите од продажбата ќе бидат поделени во хуманитарни цели. Почетна цена на возилото е 2.000 евра но се разбира кој ќе понуди повеќе ќе биде негово.

<

Во продолжение ви го прикажуваме огласот на Борче.

Почитувани ХУМАНИ ЛУЃЕ! Ковидот носи смрт, губење на близок член на семејства, баснословни лечења на сиромашен народ кој едвај имаат за корка леб.Социјалните мрежи се преплавени со молби од срце ископани на луѓе кои молат за живот, дом, лекови, храна! Сиромашниот народ да помага на сиромашниот! ОВА БОЛИ! Ама секогаш сиромашниот повеќе помага од богатите, доволно е да се прочита по социјалните мрежи и вестите! Страдаат стари и изнемоштени , сиромашни, а секоја смрт најмногу ги погодува децата.Многу го губат родителот кој е столб во семејството, извор на љубов, среќа, утеха и верување во подобро утре! А човекот во мене не дава да биде рамнодушен. Може немам многу, ама срце не дава да останам рамнодушен. Ако сакаш да помогнеш начин има. Јас успеав да најдам еден, кој е чин на добрина од срце , но сакам да видам колку хумани ќе го поддржат мојот гест. Имено, имам кола која сакам да ја продадам , а парите од продажбата да ги наменам на оние на кои им е најпотребно. Станува збор за следниов модел на возило: Mercedes benz E 270 na Bg таблички, 2003 година (Еuro – 3) , со мануелен менувач , редовно сервисирана и одржувана, не регистрирана(за повеќе информации во инбокс) . ПОчетната цена за која се нуди возилото е 2000 евра, но сакам да биде во форма на хумана лицитација, а истата да биде продадена на оној кој ќе понуди најмногу. Собраните средства од оваа хумана лицитација ќе бидат поделени таму каде има најмногу потреба , а за истата ќе биде споделена и објава на кого е помогнато. Искрено се надевам дека овој мој чин ќе разбуди голем број на хумани луѓе, со искрено верување дека можеме да помогнеме на што повеќе луѓе на кои сме им потребни. Ваше е да го разбудите ЧОВЕКОТ во ВАС, па оваа акција да вроди со голема помош. Од срце голем НАКЛОН и БЛАГОДАРАМ кои во ова ќе препознаат чин на емпатија, љубов и желба да се помогне !

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Менди Ќура официјално независен кандидат за градоначалник на Струга

Независниот кандидат за градоначалник на Струга г. Менди Ќура ја објави својата кандидатура. Со понижност и длабоко чувство на одговорност, денес стојам пред вас за...

Ексклузивна фотографии од опожарениот глисер кај каналот Студенчишта во Охрид.

  До нашата редакција пристигна ексклузивна фотографија од глисерот кој денес попладне се запали во близина на каналот Студенчишта во Охрид. Инцидентот се случил пред неколку...

Фото: Се запали јахта кај каналот Студенчишта во Охрид – благодарение на брзата интервенција избегната трагедија !!!!

Се запали глисер кај каналот Студенчишта – благодарение на брзата интервенција избегната трагедија Пред десетина минути во близина на каналот Студенчишта во Охрид избувна пожар...

Трагедија во Италија: Девет годишно девојче со потекло од Македонија се удави во реката Пјаве

Девојче со потекло од Македонија на возраст од девет години вчера трагично го загуби животот во реката Пјаве, во близина на Сан Џакомо ди...