13.9 C
Ohrid
среда, септември 22, 2021
Почетна Македонија КОД истражување: Како струјата ги проголта Мавровско, Дебарско и Тиквешко- страотни снимки...

КОД истражување: Како струјата ги проголта Мавровско, Дебарско и Тиквешко- страотни снимки на пресушени езера

Translate (Eng):[gtranslate]

На брегот на Дебарското езеро има цел полуметарски појас од изумрени школки по спуштањето на езерското ниво.

Пејзажот открива колку вода недостасува и што се не е покриено со вода.

Постои опасност за актуелниот мрест на крапот и останатите езерски риби кои во втората половина од април почнуваат да се икрат за природен подмладок.

РЕКЛАМА

-После 15-ти април почнува мрестот на рибите. Доколку не остане на ова ниво или се намали, најголема опасност е икрата да остане на суво и да нема подмладок, изјави Дритан Боцку, претседател на спортско риболовно друштво „Трофта“ Дебар (концесионер на езерото).

Нови географски појави на дното на речиси пресушеното Мавровско езеро. Исплови Мавровски архипелаг со езерско острвце, новоотворени кањони на езерското дно.

Езерото како никогаш досега го нема.

 

-На Мавровско доаѓам постојано од кога бев дете, и лете и зиме. Никогаш не било вака ниско ниво, а ме чуди бидејќи има и врнежи од снег и реките се влеваат, а езерото пак го снемува и постојано се намалува, вели Елена Галевска.

Најголемите вештачки езера во Македонија исчезнуваат, утврдил и Државниот инспекторат за животна средина.

-За тиквешкото издадовме забрана за производство на енергија бидејќи нивото беше под дозволениот законски минимум, ни изјави Ана Петровска, Директор на ДИЖС.

 

Додека ЕЛЕМ односно по ново ЕСМ работи под мотото „Природа преточена во енергија“ струјата ја проголта водата. Зголемена потрошувачка за да се обезбеди електрична енергија.

-Десетина денови веќе е нормализирана потрошувачката на вода за електрична енергија и сега во овој период се користи исклучиво во ноќни часови за израмнување на билансот. Во истиот период е прекинато користење на води од Тиквеш за хидро-централата на тоа езеро, ни изјави Васко Ковачевски, генерален директор на ЕСМ.

 

КОД истражување- каде отиде водата од хидро-акумулациите.

Ќе гледате наредната недела во 19:15. (на 25.04.2021.)


telma

- Реклами -