16.9 C
Ohrid
недела, јули 6, 2025
ПочетнаМакедонијаФилипче денес во Белград- Сите српски граѓани ќе бидат ослободени од патарини

Филипче денес во Белград- Сите српски граѓани ќе бидат ослободени од патарини

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Министерот за здравство Венко Филипче денеска е во официјална посета на Србија каде посочи дека сите српски граѓани ќе бидат ослободени од плаќање на патарини во Македонија.

<

“Дозволете ми најпрво да се заблагодарам во името на Владата на Македонија, граѓаните на Македонија на братскиот српскиот народ за значајната донација на вакцини, процес организиран од министерот Лончар, премиерката Брнабиќ и претседателот Александар Вучиќ”, рече министерот Филипче на заедничката прес конференција со српскиот министер за здравство Златибор Лончар.

Филипче додаде дека благодарение на таа донација, Македонија била во можност да започне со имунизацијата.

“Сега се вакцинирани сите здравствени работници кои работат во ковид-центрите, дел од вработените во полицијата, војската и судовите”, рекол Филипче.

Министерот се заблагодарил и за чинот на отворање на вратите за македонските граѓани за вакцинирање во српските центри.

Филипче и Лончар разговарале на многу теми, при што се договориле соработки на повеќе теми, а бил направен и договор Институтот Торлак да стане стратешки партнер на Македонија, кога станува збор за набавката на вакцините.

Договорено било и дека сите српски граѓани ќе бидат ослободени од плаќање на патарини во Македонија и дека оваа одлука се однесува на временскиот период од 15 јуни до 15 август.

Српскиот министер Лончар кажа дека во овие моменти во светот постои вирус кој не познава граници, па поради тоа државите мора да се однесуваат исто, да не поставуваат граници, туку да си помагаат едни на други.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ангелов: Ова лето гранката нема да ми биде потребна

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, со саркастична порака: „Ова лето гранката нема да ми биде потребна“, алудирајќи на некогашната немоќ...

Судот му додели куќен притвор на возачот кој го уби Југослав

Скопје се соочува со сериозни прашања по трагичната сообраќајна несреќа во која младиот Фатон Љ. (25), возејќи мотор „Кавасаки“ без возачка дозвола, минатата недела...

Трагедија во Швајцарија: Охриѓанка и нејзиното бебе пронајдени мртви со убодни рани !!

Тешка трагедија ја потресе македонската заедница во Швајцарија. Охриѓанка и нејзиното едномесечно бебе се пронајдени мртви со убодни рани, по наводна вербална расправија со...

Мицкоски: Нема да има данок за немажени и неженети- Погрешно ме разбраа !!!

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека нема да има данок за неженети и немажени лица во Македонија, појаснувајќи дека неговата претходна изјава е погрешно протолкувана....