21.9 C
Ohrid
вторник, јули 15, 2025
ПочетнаМакедонијаД-р Стефанија Хаџиевска: Иле имаше само една желба, за Велигден да си...

Д-р Стефанија Хаџиевска: Иле имаше само една желба, за Велигден да си оди дома здрав и жив !!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Вечерта во петокот спрема саботата, срцето на 20 годишната Верица Белчовска од беровско Русиново, продолжи да чука во телото на Илија Стрезовски од Брвеница. На Клиниката на Државната Кардиохирургија беше извршена втората трансплатација на срце за неполна година пишува Женски Магазин

<

Илија по трансплатацијата, а и пред неа, имал само една желба. Да си дојде дома за Велигден. „Ќе направиме сè за да му ја исполниме желбата“, раскажа за Женски магазин д-р Стефанија Хаџиевска, анестезиолог на клиниката за Државна кардиохирургија, која е дел од тимот од самото нејзино отварање, и раководител на одделот за анестезија на Клиниката.

Д-р Хаџиевска вели дека дента пред трансплатацијата од премор и од возбуда не спиела многу, и верува дека се чувствувале и нејзините колеги.

-За разлика од минатиот пат, бевме помалку членови во тимот, работевме заедно со дел од докторите и сестрите од Клиниката „Жан Митрев“, меѓутоа под водство на нашиот Проф.Сашко Јовев и на наш веќе познат терен, на нашата Државна Кардиохирургија“, ни раскажа Стефанија која и минатата година во мај, беше дел од лекарскиот тим што ја изврши првата трансплатација на срце од Иван Огненовски, чиј донор беше семејството на Емилија Динева. Тагата на семејството на дојранчанката Динева и среќата на семејството на Иван беше причина целата домашна јавност јавност да биде сплотена како што одамна се немаше случено кај нас. Д-р Хаџиевска вели дека трансплантацијата траела околу 6 часа.

-Имаше мал страв нормално, меѓутоа секако дека помогна искуството од првата трансплантација и веќе разгазената стратегија. Олеснителна околност можеби беше што се работи за доста млад примател и релативно здрави останати органи. Се запознавме со Иле пред операцијата, исклучително мил и позитивен лик“, вели Стефанија за искуството со пациентот. Она што најмногу ја трогнало, бил односот на Иле со неговата сопруга која има 20 години. Нивната љубов и приврзаност, таа и колегите ја почувствувале уште веднаш, кога таа влегла да го посети.

-Беа доста збунети и возбудени, таткото на Иле беше тука цело време. Скромни, мирни луѓе. Го видоа откако се разбуди. Мајката таткото сестрата и сопругата. Со жена му беа ептен слатки, млади многу двајцата, таа 20 години. Фамилијата беше многу среќна и возбудена“, вели д-р Хаџиевска и додава дека не го запознала семејството на донорот, Верица Белчовска.

Колегите кои се сретнале со нив ѝ раскажале за рекацијата на Белчовски: „Ако нашатата ќерка беше во иста ситуација, ние би биле благодарни кога би имал кој да ѝ го подари своето срце.“

Хаџиевска е многу горда на тимот со кој што работела и благодарна на министерот за здравство Венко Филиче за кој вели дека бил речиси цело време со нив и им ја давал својата поддршка и доверба.

Директорот на државната кардиохирургија проф. д-р Сашко Јовев, академик д-р Жан Митрев, д-р Васил Папестиев, д-р Марјан Шокаровски, д-р Никола Христов, д-р Тања Анѓушева, д-р Дејан Димитровски, д-р Александар Колев, д-р Кујтим Џелили, д-р Ванѓел Здравевски, д-р Соња Граждани, д-р Марија Ѓеракаровска, д-р Надица Мехмедовиќ, д-р Весна Миташова, д-р Јасмина Илиевска, д-р Дарко Стефановски, медицинските сестри Марија Дојчиновска, Слаѓана Гроздановска, Мартина Караџоска, Имран Елези, Христина Николоска, Милица Ѓ. Ристовски, Анита Ангеловска, Магдалена Томовски, перфузионистите Стефан Кметовски и БорчеДимоски, Верче Стојкоска се само дел од тимот што ја изврши трансплатацијата.

Верица Белчовска за голема жал ја имаше истата судбина со Емилија Динева, и двете се жртви на соораќајни незгоди, но срцата на двете жени продолжија да чукаат кај Иле и кај Иван.

Милица Џаровска

Фото: Приватна архива

Извор: Женски Магазин

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Командант “БАРУТИ” од домашен, оди во затворски притвор !!!

Кривичниот суд денеска одлучи да му се замени домашниот со затворски притвор на напаѓачот на скопската градоначалничка Арсовска. „Имено, С.Љ. осомничен за кривичното дело Насилство...

За прв пат во Македонија изречена казна затвор за убиство на Куче !!!

Кривичниот суд денеска ги осуди Љубе Крстевски и Бранко Билбиловски за убиството на кучето Феликс, кое почина на 7 јануари 2025 година од последици...

Кривична пријава за доктор од Струга.

ОВР Струга поднесе кривична пријава против К.С.(42) од Струга, лекар во Општа болница во Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело...

На 36 години почина македонскиот гитарист и професор Кристијан Волчев

Загуба за македонската култура и музика Македонската музичка сцена остана без еден од своите најталентирани и најпосветени уметници – Кристијан Волчев. На само 36 години,...