27.9 C
Ohrid
вторник, јули 15, 2025
ПочетнаМакедонијаМалеш Нет: Поднесено е иницијатива до општината за поставување на спомен-обележје и...

Малеш Нет: Поднесено е иницијатива до општината за поставување на спомен-обележје и именување на центарот на село Русиново со името на нашата постхумна хероина Верица

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Порталот Малеш Нет денес до Советот на Општина Берово, поднесе иницијатива за поставување на спомен-обележје и именување на центарот на село Русиново со името на нашата постхумна хероина Верица Белчовска.Во спроведената комуникација со граѓани на Берово, истата едногласно ја подржаа, а во склоп на иницијативата безрезервна поддршка даде и компанијата „Зегин“ и г-дин Благој Механџиски, кој ќе учествува во донација за поставување на фонтана во чест на Верица Белчовска.

<

Според нас, тоа е најмалку што можеме да сториме за нашата Верче, со цел споменот за неа и храбриот чин на нејзиното семејство вечно да го обележува нејзиното родно место Русиново.

Исто така порталот Малеш Нет поднесе уште една иницијатива за достојно обележување на спомен местото на нашиот херој и белег на градот Дедо Иљо Малешевски.Во иницијативата предлагаме да се постави спомен-обележје, да се осветли местото каде што била неговата куќа и да се постави дигитална рамка на која ќе бидат презентирани информации за ликот и делото на Дедо Иљо Малешевски.Оваа година одбележивме 123 години од неговата смрт и мислиме дека оваа иницијатива е неопходна за нашиот град, со што ќе се збогати туристичката понуда на Берово и ќе остави и долготраен спомен за идните генерации.

Седницата на Советот на Општина Берово е закажана за во Вторник и очекуваме позитивно да се произнесат сите советници.

Пишува Малеш Нет

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Командант “БАРУТИ” од домашен, оди во затворски притвор !!!

Кривичниот суд денеска одлучи да му се замени домашниот со затворски притвор на напаѓачот на скопската градоначалничка Арсовска. „Имено, С.Љ. осомничен за кривичното дело Насилство...

За прв пат во Македонија изречена казна затвор за убиство на Куче !!!

Кривичниот суд денеска ги осуди Љубе Крстевски и Бранко Билбиловски за убиството на кучето Феликс, кое почина на 7 јануари 2025 година од последици...

Кривична пријава за доктор од Струга.

ОВР Струга поднесе кривична пријава против К.С.(42) од Струга, лекар во Општа болница во Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело...

На 36 години почина македонскиот гитарист и професор Кристијан Волчев

Загуба за македонската култура и музика Македонската музичка сцена остана без еден од своите најталентирани и најпосветени уметници – Кристијан Волчев. На само 36 години,...