15.4 C
Ohrid
сабота, октомври 12, 2024
ПочетнаМакедонијаСтружанецот Васко Јолески живее со механичко срце, и со надеж дека и...

Стружанецот Васко Јолески живее со механичко срце, и со надеж дека и за него ќе се пронајде донор.

Донорите Емилија Динева од Стар Дојран и Верче Белчовска од Берово го поттикнаа интересот околу органодарителството во Македонија. Нивните семејствата со одлуката да ги донираат органите спасија многу животи.Иако листата на чекање е долга, барателите на органи се надеваат дека нивните животи ќе бидат спасени со еден ваков хуман чин.

Според стружанецот Васко Јолески кој е на листата за чекање на срце вели дека органодарителството во нашата земја е се уште табу тема.

– Подигнувањето на свеста кај граѓаните зависи од сите нас, секој од нас треба да биде гласник и гласно говори за потребата од развој на органодарителството, секако тука треба по активно да се вклучат и експертите по таа проблематика, да се по видливи и по гласни, бидејќи живееме во мулти верско општество неопходно е верските лидери да излезат и јавно да објаснат дека нити една од светски признатите религии не забранува дарување на орган ,а исто така можеби треба да се размислува оваа тема на соодвете начин да се вметне и во образовниот систем за најмладите од најрана возраст да се запознаваат со оваа проблематика и од млади години да ги научат етичките вредноости и потребата, но и користа од чинот на органодарување за „Локално“ објаснува Јолески.

Од 2011та година на Васко за прв пат му било откриена срцева слабост со ежекциона фракција на срце од 30% .

-Пред една година јас буквално дојдов до броење на последните моменти од мојот живот по што во консултација со д-р Тања Анѓушева од Ж.М клиника се одлучив да прифатам да ми се инплантира механичка потпора (пумпа) на левата комора од срцето. На самиот почеток ми беше тешко што ќе морам на себе да носам помагало но подоцна се навикнав , подобро да се продолжи животот со било какво помагало отколку да се нема живот. Морам да потенцирам дека по вградување на пумпата јас се вратив на делумно квалитетен живот и моите хоспитализации во болница се многу ретки, речиси ги нема. Најчесто овие помагала во светот се прифатени како мост до транслантација и се носат неколку години додека се најде сроден донор на срце. Во поретки случаи кај повозрасни пациенти се носи доживотно бидејќи се цени дека тие пациенти не би издржале трансплантација на срце а трет случај е каде уредот се носи до заздравување на срцето од пациентот па по неколку години се пристапува кон експлантација на пумпата а пациентот си продолжува со живот со неговото срце кое во периодот додека била пумпата закрепнало и се вратило во добра состојба, раскажува стружанецот.

Животот со вградена механичка потпора воопшто не е лесен и евтин
Одржувањето на самата опрема е многу скапо, една батерија чини 1100 евра а неопходни се 4 батерии за (Lvad) пациентите а дури 8 батерии за (Bivad) пациентите но со оглед на тоа дека во државава се прават овие операции неполни три години а векот на траење на тие батерии е 3 години до сега пациентиет не се дојдени во ситуација да ги купуваат. Исто така полначот за батерии и адаптерот (кабелот) на кој се приклучуваме кога сме дома се екстремно скапи, чинат илјадници евра но за среќа до сега не се случило да откаже некој од тие уреди вон време на гаранција, објаснува Јолески.

Тој вели дека неодамна фондот за здравство одобрил пакет услуги кој вклучува и навремена промена на батерии, полнач и адаптер, но се уште не е почнато со реализација.

– Изложени сме на огромни матерјални трошоци како за медикаменти кои за жал не се на позитивна листа а се неопходни за подобрување на нашето здравје, така и за честите прегледи и преврски кои не ги покрива фондот за здравство, поготово не ги покрива здравствените услуги на пациентите кои се оперирани во приватните болници и пациентите оперирани во странство, а нормално, разбирливо е и дека контролните прегледи би требало таму да ги правиме. Операциите фондот ги покрива, но понатамошните прегледи, лекувања,преврски и слично не, вели тој.

 

Најмладиот пациент кој чека донација е девојка на 16 годишна возраст

Според информациите на здружението “Храбро Срце“ за кои велат дека се неформални податоци, на листа на чекање за трансплантација на срце се 22 пациенти со механичка потпора и уште најмалку 10 тина други пациетни со напредната срцева слабост.

-Има и такви кај кои во прашање е доведена и работата на белодробните крила што уште повеќе им ја усложнува ситуацијата а по однос на старосната долна граница, според информациите од здружението , најмладиот пациент е девојка на 16 годишна возраст но потенцирам дека тоа се неформални информации, велат од здружението.

Оттаму додаваат дека надлежните институции соработуваат и сакаат да ги сослушаат нивните барања и сугестии.

-Има и такви институции со кои тешко е остварлив контакт но ние сме упорни и не се откажуваме во борбата за остварување на неопходните права на луѓето со механичка потпора.
До сега сме во фаза на договорено, одобрено и се очекува да биде но ништо во реалност не е остварено. Јас лично се надевам дека за брзо време се што е ветено од страна на надлежните ќе го почувствуваме и во реалност, велат од „Храбро срце“

Неинформираноста на луѓето доведува до негативна кампања

Сведоци сме на ширење лажни, вознемирувачки вести по социјалните мрежи каде разни “експерти“ шират заговори за бизнис и трговија со органи при тоа спомнуваќи регионален скандал со некоја жолта куќа од соседството. Веројатно некои особи незнаејќи дека само од човек кој претходно бил во инзвонредно добра здравствена состојба и со помош на апарати се одржува во живот а кај кого е констатирана мозочна смрт може да е донор на срце, шират страв,паника и разни заговори со кои штетат на кампањата за подигање на свеста за неопходната потреба од органодарување кај граѓаните, велат од здружението.

Тие додаваат дека луѓето мора да се едуцираат малку повеќе пред се за себеси, а потоа и за доброто на општеството .

Воедно додаваат дека можеби треба да се размислува и за давање на одредени бенефиции во остварување на своите права или остварување на правата на најблиските од донорот доколку се работи за починат донатор.

-На овој начин ќе се искаже благодарност на оние кои во најтешките моменти изнашле доволно сила да се издигнат над се и и покрај неповратната загуба на блиска особа да подарат можност за поквалитетен и подолг живот на неколку други за ним непознати луѓе, велат од „Храбро срце“.

Потенцијални донори на органи треба да потпише изјава

Според последните измени на Законот за пресадување на делови од човечко тело заради лекување донесени во 2013 година, донор на органи може да биде секој кој писмено со изрична изјава на нотар не се спротивставил на тоа. Тоа значи дека сите сме потенцијални донори на органи, но сепак по настапување на мозочна смрт се прашува најблиското семејство ( родители, деца и сопруг) дали се согласуваат со тоа, велат од министерството за здравство, објаснувајќи дека овој закон направен по примерите на хрватскиот и шпанскиот закон каде трансплантацијата и органодонорството се наjразвиени во поглед на бројот на донори и изведени трансплантации годишно.

За повеќе детали клик на: Lokalno.Mk

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

По повод 11 Октомври, 1200 ученици од Прилеп го формираа македонското знаме!

На плоштадот „Матодија Андонов Ченто“ во Прилеп, околу 1200 основци и средношколци денес го формираа македонското знаме во чест на националниот празник „11 Октомври“.

„Трајан Целески – ТАЧО“ е името на новото повеќенаменско игралиште во населба Видобишта.

„Трајан Целески - ТАЧО“ е името на новото повеќенаменско игралиште во населба Видобишта. Вечерва свечено го отворивме ова повеќенаменско игралиште кое го носи името на...

Денес, во очи на 11 Октомври, Охрид и Македонија го одбележуваат празникот на македонскиот непокор.

Денес, во очи на 11 Најзначајниот период во милениумското битисување на Македонскиот народ е неговото учество во четиригодишната народно-ослободителна епопеја во Втората светска војна,...

Македонија стана нова членка на Советот за човекови права на ОН

Со 168 гласа „за“, Македонија денеска стана нова членка на Советот за човекови права на Обединетите Нации за периодот 2025-2027, на изборот што се...