16.4 C
Ohrid
сабота, јули 5, 2025
ПочетнаМакедонијаВанковска: Зошто некому не му текна да ја преиспита мерката за носење...

Ванковска: Зошто некому не му текна да ја преиспита мерката за носење маски на ОТВОРЕНО

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Билјана Ванковска: „Ај што Комисијата за заразни болести и Владата се секираат за верските празници, па изгледа се договориле и со Господ и со Алах навечер да не на -паѓа вирусот, прекин на огнот поради верски празници), туку зошто го забораваат Први мај? Ах, да! Ова се олигарси, а ни Први мај не е она што беше!

<

Втора работа, со ова играње со мерките, зошто некому не му текна да ја преиспита мерката за носење маски на ОТВОРЕНО!? За да каз -нуваат и полнат буџет?

Веќе разбравме дека она ид -иотско објаснување на Караџовски за одењето по прашина нема врска. Тој лично ѝ дозволил на Бисера со позитивен наод да оди во Собрание со скафандер кој ја штитие неа, а не тие околу неа. Нејсе!

Доста е веќе со маски на отворено на овие температури, а богами и полицискиот час ви е глупав и бесмислен.

Стигматизацијата на младите кои се веќе и онака жртви на ментални растројства е само барање жртвено јагне (лани ова време бевме стига -мтизирани и дискри -минирани ние постарите, сега се помладите).

Притоа, да потсетам, законите не важат насекаде подеднакво, полициски час во Чаир и Арачиново нема ниту ќе има.
После една година веќе научивме како да се чуваме себе си и од вирусот и од вашите топло-студени политики….

Играте и танцувате во пункт за вакцинирање, ни срам имате, ни перде! А прашината, а пеењето, а затворен простор, а дезинфекции? После не ви верувал народот! Па нема да ви верува кога не знаете што правите, ни кај возите.

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Трагедија во Охрид: Средовечен маж пронајден мртов во езерото кај плажата Извиднички

Тешка несреќа денеска попладне кај плажата Извиднички во Охрид. Средовечен маж бил извлечен од водите на Охридското Езеро без знаци на живот. Иако присутните...

Лишен од слобода “бајач” од скопско кој измамил брачен пар од Берово, за 400.000 евра

Лишен од слобода "бајач" од скопско, измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра На 03.07.2025 година Б.Д. (76) од Берово во СВР ШТИП...

Претседателката е шокирана дека 40 отсто од администрацијата ништо не работи

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова изјави дека e „шокирана од изјавата на министерот Горан Минчев“ дека 40 отсто од вработените во администрацијата или ништо...

Мицкоски: Размислуваме за воведување нов данок за немажени и неженети

Премиерот Христијан Мицкоски утрово се обрати на дебатата „Демографски трендови, предизвици и можни решенија“, што се одржа во Владата, при што нагласи дека Македонија...