23.6 C
Ohrid
понеделник, јули 26, 2021
Почетна Македонија Заев-Намалување на рестрикциите и ослободување од полициски час за Рамазан Бајрам и...

Заев-Намалување на рестрикциите и ослободување од полициски час за Рамазан Бајрам и Велигден се мудри одлуки

Translate (Eng):[gtranslate]

Намалување на рестрикциите и ослободување од полициски час за Рамазан Бајрам и Велигден се мудри одлуки на Комисијата за заразни болести, смета премиерот Зоран Заев.

Тој вели дека има резултати од рестрикциите, а за да не се зголемува бројот на инфицирани од коронавирус, разговарано е и со верските лидери кои треба да гo изменаџираат влезот во црквите и џамиите.

„Комисијата секогаш работи стручно, навремено и мудро. Тоа се потврдува од мудроста на одлуката, за пред три недели, кога беше стигнато платото на кривата да донесе одлука за ставање на полициски час од 20 часот и затворање на угостителите со цел да ги одмори здравствените работници, но и да помогне во здравствените капацитети. Мудроста во предлагањето, инвентивноста и знаењето имаат свои содржини. Нашиот народ 85 отсто е религиозен и драго ми е што Комисијата води грижа за социјалниот живот. Од тој апсект, заедно одржавме и состоанок со лидерите на верските заедници, за не само за први мај, Велигден, да го изменаџираме, туку и за предвечерието за Рамазан Бајрам. Пораката ја испративме уште во понеделникот преку Филипче, ако бидеме послушни ќе продолжи и олабавувањето на мерките. Ако се опуштиме и не ги почитуваме мерките ќе има повторно затворање. Можеме да дозволиме достоинствено, во кругот на семејството да се дочекаат празниците“, рече Заев.

РЕКЛАМА

Владата на денешната седница треба да ги изгласа предлог мерките на Комисијата за заразни болести. Тие предлагаат полицискиот час да се скрати за еден час и да почнува од 21 часот, а за Велигден и Рамазан воопшто да нема ограничување на движењето. Притоа, предлогот е и да се отворат летните тераси на угостителските објекти. Новите ограничувања се предложени за периодот од 28 април до 15 мај.

- Реклами -