25.9 C
Ohrid
недела, јули 25, 2021
Почетна Македонија Стојко Пауновски се заблагодари на Фејсбук: Ви посакувам подобар директор.

Стојко Пауновски се заблагодари на Фејсбук: Ви посакувам подобар директор.

Translate (Eng):[gtranslate]

Откако денес и официјално беше разрешен од Владата, досегашниот директор на ДПИ Стојко Пауновски се заблагодари на социјалната мрежа Фејсбук.

Огромна благодарност до сите граѓани кои во мојот “пркос” ги согледаа моите искрени намери и желба за силна, стручна и независна европска институција, порача Стојко Пауновски, откако денес беше разрешен од директорската позиција во Пазарниот инспекторат, бидејќи одби да прими рамковни административци.

„Патот на одбрана на интегритетот и професионалноста на институцијата со која раководев, за жал, не наидоа на разбирање од премиерот. При ова обраќање, сакам да упатам посебна благодарност до сите вработени во ДПИ кои во оваа битка застанаа рамо до рамо со мене и докажаа со факти дека сите одлуки ги носевме заедно, без разлика што јас им бев претпоставен. Горд сум на се што направивме заедно!

РЕКЛАМА

Ми беше чест да работам за Вас и од срце Ви посакувам подобар директор со кого ќе продолжите таму каде што јас застанав“, напиша Пауновски на фејсбук.

- Реклами -