0.9 C
Ohrid
понеделник, декември 23, 2024
ПочетнаМакедонијаЕлена од Ресен: На свои 15 години станав мајка, и никогаш не...

Елена од Ресен: На свои 15 години станав мајка, и никогаш не помислив да абортирам.

spot_img

Како да се справи со сите предрасуди, лоши коментари, и животни предизвици едно девојче од 15 години кое ќе дознае дека е бремена? Како да соопшти дома на родителите? Како и дали ќе се промени односот кон неа од нејзините соученици?
За Женски магазин тинејџерка мајката, Елена Наумовска од Ресен, која се остварила како мајка на 15 години ги откри сите детали за бременоста, предрасудите, неизвесноста и предизиците со кои се соочува, пишува Женски Магазин.

За веста дека е бремена на само 15 години, таа вели дека ја прифатила сосема нормално, знаела дека животот ќе ѝ се промени, а тоа, смета дека било кон подобро.

Секој со својата планина, велат постарите, но колку сме подготвени да се носиме со она кое најмалку сме го очекувале, она за кое сме свесни дека ќе ни го промени животот од корен. Млада мајка Елена е силна и горда на својата одлука, па денес има 18 години и три девојчиња.

НИКОЈ НЕ ТРЕБА ДА БИДЕ ОСУДУВАН ЗА СВОИТЕ ОДЛУКИ

* Живеете во Ресен. Како општеството, околината (сепак Ресен е мал град) реагираше на информацијата дека си бремена?

– Лично мене никој не ми се обратил со лош коментар, обично се коментари од типот „Како успеваш и училиште и мајчинство”, „Браво за храброста”, „Млада мама, што убаво” и слично, но многу е јасно дека не секој мисли така.

Елена, сподели дека очекувано со дел од соучениците изгубила контакт, а оние најблиските се радувале за неа, па и ден денес се нејзина поддршка.

– Со поголем дел од соучениците не сум во контакт бидејќи тие имаат свои обврски јас свои, но оние со кои сум поблиска беа среќни исто како мене, за сите три бремености се радуваа на мојата среќа. Наставниците воглавно се со коментари како и сите останати како што наведов претходно.

* А, како реагираа твоите родители?

– Родителите секогаш го сакаат најдоброто за своите деца, знам по себе. На почеток не им беше во ред тоа, но секако дека сакаа само јас да бидам среќна така што ја поддржаа мојата одлука и сега се супер баба и дедо.

ЕЛЕНА НИКОГАШ НЕ ПОМИСЛИЛА ДА АБОРТИРА, НЕЈЗИНАТА ОДЛУКА БИЛА ЈАСНА

* Дали помисли да абортираш?

– НЕ! Мојата одлука да станам мајка беше јасна.

Младата мајка вели дека сопругот го запознала на социјалните мрежи, тој е постар од неа неколку годиии.
– Нашата врска започна со првата средба и веднаш знаев дека со него сакам да основам семејство. Тој е повозрасен од мене 6 години и исто толку време сме заедно, вели Елена.

* Заврши ли средно образование? Ќе го продолжиш ли образованието?

– Ми остана уште една година од средното образование и во тек сум да го завршам. Секако дека би сакала да го продолжам и имам таква намера.

За повеќе детали на Женски Магазин

Наталија Миланова

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Тик Ток веднаш изреагира за забраната: Во Албанија одлучуваат Албанците, вели Еди Рама !!

По информациите дека кинеската интернет компанија БајтДенс, во чија сопственост е платформата Тик Ток, ќе побара „итно појаснување од албанската влада“ во врска со...

Горан Пандев назначен за спортски директор на македонските репрезентации

Македонската фудбалска легенда, Горан Пандев е назначен за спортски директор на сите македонски репрезентативни селекции. - Илија Најдоски, еден од великаните на македонскиот фудбал, заедно со...

Баба од Скопје го тепала внукот со тврд предмет.

Во полициска станица во Скопје од 25-годишна жена било пријавено дека во семејниот дом кој се наоѓал на подрачјето на Бит Пазар нејзинот малолетен...

„Петардите не се играчка“, превентивна активност на СВР Охрид

„Петардите не се играчка“, превентивна активност на СВР Охрид Вчера (21.12.2024 ) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Охрид и волонтерите од Црвениот...