15.9 C
Ohrid
среда, август 13, 2025
ПочетнаМакедонијаKoце: Шилегов со неговиот брз автобус ќе уништи околу 40.000 квадратни метри...

Koце: Шилегов со неговиот брз автобус ќе уништи околу 40.000 квадратни метри зеленило во Скопје

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

– Јас моето мислење за овој проект го кажав на мојот ФБ и тоа два пати. На некој начин го предупредив и сакав да му дадам дознаење на градоначалникот Шилегов дека ова не е добар проект, дека ова ќе биде штетен проект за градот Скопје од повеќе аспекти. Имено, ваков бас рапид транзит, значи брз автобуски превоз и се практикува во големи градови, односно милионски градови, кои што имаат многу голема должина од едниот до другиот крај. Таков има Истанбул, таков има Мексико Сити и сл. И тоа има дури 180 километри од едниот до другиот крај. Но, на 12 километри раздалеченост, растојание вие да правите ваков проект мислам дека е многу несоодветен, рече Коце Трајановски поранешниот градоначалник на град Скопје и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, вечерва во Дневникот на Сител телевизија.

<

Трајановски додаде дека од тој пркет кој што го замислил Шилегов нема да има воопшто ефект.

– Нема да има ефект од тоа, прво ќе ги намали автобуските станици, ќе има само 21 автобуска станица. Долу по „Партизанска“ поминува водоводна цевка од метар и 60 сантиметри значи повеќе од метар ипол и таа е правена 1967-68 година, со челични заварени цевки, кои што не трпат големи осцилации. И при најмали осцилации може да имаме големи проблеми. Тоа е под еден. Под два, според најавите бидејќи немаме голема транспарентност, ние знаеме само од медиумите, овие две ленти од едната и другата насока ќе бидат во средишното зеленило. И ќе фаќаат можеби и малку од левата брза лента. Автобуските станици ќе бидат исто така на ова зеленило. Значи ќе се уништи зеленилото во најмалку десет километри ако има ова 12 километри, најмалку 10 километри, 10.000 метри квадратни по 3-4 значи ќе имаме околу 30-40.000 метри квадратни уништено зеленило во Скопје, рече Трајановски.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

15 годишно дете со автоматска пушка го извршило убиството викендов во Тетово

Основното јавно обвинителство Тетово отвори истрага против четири лица – тројца возрасни и едно дете – осомничени за крвавиот оружен напад што се случи...

Вработените на Урологија се откажале од парите за службени мобилни и наместо тоа купиле 18 клими за пациентите

Универзитетската клиника за урологија денеска ја промовираше новата, целосно реновирана болничка инфраструктура, како дел од широк инвестициски и реформски циклус, кој опфаќа модернизација и...

Циркузот продолжува: Директорката Лозановска не сака да зборува на англиски иако положила курс во Бугарија.

Во последните денови, јавноста со големо внимание го следи случајот со поранешната директорка на училиштето во Демир Хисар, Маја Лозановска, кој повторно ја отвори дебатата...

Ахмети: Јас резервна татковина немам- Мојот прадедо и дедо почиваат во кичевско.

Тогаш и денес, јас друга држава немам. Јас резервна татковина немам. Мојот прадедо и дедо, моите татко и мајка, почиваат во Зајас, Кичевско, вели...