7.9 C
Ohrid
четврток, септември 23, 2021
Почетна Македонија Спасовски: Во 2017 година сакале да направат исцениран атентат врз Никола Груевски.

Спасовски: Во 2017 година сакале да направат исцениран атентат врз Никола Груевски.

Translate (Eng):[gtranslate]

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски одговарајќи на пратеничко прашање откри информации за оперативна обработка во УБК насловена Алка водена во времето на поранешниот режим против опозицијата и против него како технички министер за внатрешни, во која бил вклучен и инсцениран атентат врз Никола Груевски.

Тој на пратеничко прашање од Мартин Костовски од СДСМ до каде е случајот со упадот во домот на Стојанче Величковски началникот на Секторот за внатрешни работи на Куманово во време на Техничката влада извршен кога со БЈБ командувал Митко Чавков заедно во координација со одделот за организиран криминал, рече дека постапката се завршила со претрес без ниту еден повик понатаму зошто е тоа направено, кои се доказите.

-Иако имаше отворена постапка не само против началникот, туку против повеќе луѓе, односно тогашни началаници на СВР-и, па дури и против мене како министер за внатрешни работи во тој период, се водеше постапка во ЈО, неколку пати беше продолжувана таа постапка дури и после 2017 година и падот на режимот. Тоа значи барање од обвинителот да се даде дополнителен рок за истражните дејствија и бидејќи не беа пронајдени никакви докази во целата таа постапка, во тој дел постапката беше стопирана, вели Спасовски.

РЕКЛАМА

Тој подвлече дека тоа било период во кој сите камери во МВР биле насочени кон кабинетот на директорот на УБК и кон кабинетот на директорот на Бирото за јавна безбедност за да се следи кој човек ќе влезе во МВР и ќе отиде кај него како тогашен министер. Кажа и дека во тој период била отворена, како што вели, и оперативна обработка во УБК од тогашниот директор кој денес е во затвор.

-Таа оперативна обработка се викаше Алка. Јас не сакам да изнесувам повеќе информации од самиот материјал меѓутоа станува збор за огромен материјал во кој што практично беа тогашните претставници на опозицијата се со цел да, наводно на крајот заврши со една склопена приказна која што требало да биде искреирана, да се случува на територијата на општина Куманово. Претходно за да се потврдат тие настани имаа еден инсцениран случај дека наводно на митингот завршен на ВМРО-ДПМНЕ во Куманово требало да се изврши атентат врз Никола Груевски и тоа требало да го завршат одредени структури кои во тој момент биле во МВР. Вие го знаете како кумановски пратеник, селото Четирце. Таму требало во некоја плевна да се најде оружје итн. , Тоа е приказната накратко без други детали,. Важно е дека началникот и неговото семејство беа потресени до крај и до ден денес никој од тие луѓе не дадоа зошто е тоа направеново, рече Спасовски.

Еден од членовите на семејството на началникот кој бил излезен од болница по операција од карцином и таткото на начланик, кои за жал се покојни може, вели да се носат на душа на тие луѓе. Тој кажа и дека тоа е истата приказна како таа за настаните од 27 април, која исто така се креираше и тоа веќе се докажува во судот.

-Само ќе напоменам, по моите сознанија имало оперативен план исто како што се прави во Министертвото, направено е во партијата. Тој се вика Дивиот ангел и на основа на тој план требало да се спроведат активностите во рамките на Собранието и да настане таа катастрофа која требаше да настане и тоа во салата за одржување на пленарните седници, вели министерот Спасовски.

-Сакам да кажам пред македонската јавност дека не случајно ние како пратеници и како мнозинство останавме на своите места и ја продолживме седницата за избор на претседател на Собранието. Затоа што планот беше ако се дојде на местото на претседавачот, тука да настане хаосот и можеби убиство да се случи и тука. Ова го кажувам како креација на болните умови во тој момент кои работеа и заради тоа сметам дека ова треба да го знае, за тоа се водат постапки, не треба да се повторува ваквата ситуација и тоа треба да ни биде одлика за владеење на правото и парламентарната демократија. Мислам дека треба да биде добра поука за секој носител на фунцкија, да се јакнат институциите и да нема селективност во постапувањата без разлика за кого станува збор и да не се делат по никаква основа-партиска, политичка етничка..да можеме сите заедно да ја направиме нашата Македонија поубаво место за живеење а главите настани никогаш повеќе да не се повторат, вели Спасовски.

Пратеникот Мартин Костовски кажа дека Кумановци никогаш нема да го заборават односот на партиската полиција во времето на ВМРО-ДПМНЕ и најави дека ќе бара одгвори и за настаните во Куманово од 9 мај.

По паузата седницата продолжува со премиерот Зоран Заев кој треба да даде одгвовор на две прашања од пратеникот Костовски во врска со ефектите од додега донесените економски пакет мерки за ублажување на последиците од ковид-кризата и очекувањата од петиот и од шестиот пакет, како и за владините политики од 2017 до денес во однос на унапредување на работнички права.

- Реклами -