3.2 C
Ohrid
недела, декември 22, 2024
ПочетнаИсторија20 Години од Масакрот кај Вејце -Кукавички предадени и кукавички нападнати од...

20 Години од Масакрот кај Вејце -Кукавички предадени и кукавички нападнати од зад грб од гнасната рака на ОНА

spot_img

Македонски Бранители

На 28 април 2001 година, попладнето во 17:45 часот на кривината Црвен камен во месноста Бреза, на средина од планинскиот пат помеѓу селата Селце и Вејце – тетовско, се случи најгрозоморниот и најкрвавиот настан во војната во Македонија од 2001 година и во поновата историја на Македонија. Од припадници на терористичката, паравоената формација ОНА, од заседа беа пресретнати, нападнати, убиени и на крај ѕверски масакрирани осум, а ранети тројца припадници на безбедносните сили на Република Македонија. Крвав настан меѓу ретките, со ваква жестокост и злоба, извршен и забележан во вековната борба за слобода и државност на македонскиот народ во Македонија. Вкупниот крвав биланс е осум загинати и тројца ранети припадници на безбедносните сили на Република Македонија, пишува на фејсбук профилот на Македонски бранители.

„По вооружениот напад, терористите се симнале на патот при што почнало дивеењето и крвавиот пир врз тешко ранетите и онеспособени за давање на отпор припадници на безбедносните сили. Откако со истрели од близина се усмртени тешко ранетите, но сѐ уште живи припадници на безбедносните сили на Република Македонија, терористите го започнале масакрирањето на нивните тела со брутално кршење на черепите со кундаците од пушките и со бодење на веќе мртвите тела на македонските бранители со длабоки убоди предизвикани со вртење од таканаречен “кинески” нож. На крај тројца полицајци, сѐ уште живи биле запалени и целосно изгорени.

Постојат многу сомневања дека патролата била предадена од полициски началници. За време на кратката борба, преку мобилниот телефон подоцна масакрираниот Илче Стојановски се јавил на двапати кај неговиот претпоставен во базата во Тетово и му пренел дека се нападнати, дека има ранети и загинати и бара да им се испрати итна помош, која за жал, не ја добиле. Откако се случија ден претходно чудни измени во патролата, како и бавната реакција за помош, бранителите непосредно пред нивната маченичка смрт биле свесни дека се работи за предавство. Во тие кратки мигови на одлука и размислување, на нишан од терористите и соочен со смртта, Илче Стојановски во последен здив уште еднаш се јавува, за очајнички и безпомошно да каже: „Нема потреба повеќе да ни доаѓате на помош, сите ќе изгинеме за Македонија“. И радиостаницата замолкна.

За загубите на припадниците на ОНА, доколку ги имало, до денес македонската јавност не знае ништо. Освен безуспешниот судски обид на родителите на загинатите, никој не се обиде, иако некои беа обврзани и по службена должност, да ја расветлат вистината за масакрот кај Вејце. Густа пајажина од спротивставени гласини и несинхронизирани изјави се плете до денес, без некој да ја каже вистината за масакрот. Сепак, една е вистината за Вејце, која ја знаат двете страни, но уште колку време и смелост ќе им треба за да ѝ ја соопштат на македонската јавност. Дотогаш, за масакрот кај Вејце многумина довека мир нема да имаат во душата, а совеста ќе ги пече и разорува.

Бидејќи речиси сите загинати во Вејце се масакрирани со тврди предмети и ножеви, додека биле ранети и живи, а потоа и живи запалени, сето тоа се коси со Женевската конвенција и другите норми на војување, со што настанот е доволен доказ дека извршителите и нарачателите требаa да бидат изведени пред домашните судови, а потоа и пред Меѓународниот суд за воени злосторства во Хаг. Сите докази и материјали, во форма на дигитален запис, биле испратени до Меѓународниот суд за воени злосторства. Меѓу петте оформени хашки предмети за воени злосторства направени во 2001 година во Македонија, е и досието за водството на ОНА во кое е опфатен и масакрот кај Вејце. Судот во Хаг го процесуираше само случајот Љуботен, а останатите четири – Мавровски работници, Липковска брана, Непроштено и Водство на ОНА, Трибуналот ги врати во Македонија, за да се процесуираат и судски завршат во Македонија.

Собранието на Република Македонија со гласење на пратениците од владеачката ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ на 24 јули 2011 година, со 62 гласа „за”, го усвои автентичното толкување на Законот за амнестија, со што ги затвори хашките случаи, а со тоа и масакрот кај Вејце. Меѓутоа, меѓународното право и практика не познаваат амнестија на воени злосторства, дека тие не застаруваат и дека врз нив има универзална јурисдикција. Оттука, државата може некогаш да реши повторно да ги активира и процесуира овие воени злосторства.

Семејствата на масакрираните бранители, многу тешко и болно ја прифатија одлуката на нашите пратеници но нема да дозволат крвавиот настан да избледи, да се ревидира, или да остане незабележан во историјата на македонскиот народ.  Масакрот во Вејце не може, ниту да се заборави, ниту да се прости“, порачуваат Македонски бранители.

Во Вејце загинаа Роберт Петковски (27) од скопско Бунарџик, Игор Костески (26) од Кисела Вода, Миле Јаневски (30) од Македонска Каменица, Бобан Трајковски (28) од Куманово, Марјан Божиновски (27) од битолско Горно Оризари, Илче Стојановски (24) од битолско Породин, Бошко Најдовски (25) од битолско Долно Оризари и Кире Костадиновски (24) од битолско Горно Оризари.

Денеска на местото на заседата кај Вејце, како и секоја година, во знак на сеќавање на загинатите бранители убиени во крвавата заседа букет свежо цвеќе и осум запалени свеќи постави делегација на Достоинство, на чело со генералот Стојанче Ангелов.  Да не се повтори, да не се заборави, порачаа тие.

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Две колешки од велешка пошта се степале на работа

Две колешки од велешка пошта се степале на работа Две вработени од велешката пошта се степале вчера додека биле на работа, соопшти полицијата. Инцидентот го...

Претреси во Тетово, пронајдени над 75.000 парчиња пиротехника.

Полициски службеници од СВР Тетово со судска наредба денеска во периодот од 9:30 до 14:20 часот извршиле претреси на повеќе локации во Тетово и...

Албанија – прва земја на Балканот која го забрани Тикток

Албанската влада одлучи да ја блокира платформата Тикток во Албанија. Оваа вест ја потврди министерката за образование Огерта Манастирлиу при презентацијата на Новиот акциски...

Протече водата низ цевките, скопјани вечерва слободно можат да се тушираат и да си ги завршат домашните обврски.

Во завршна фаза се активностите за санација и децениски задоцнета модернизација на главниот градски водовод. Акцијата започна денес на 21ви Декември сабота во раните...