Годините се само бројка!
Да му посакаме среќен роденден и уште многу години живот и дело на Гоце!
Момчето кое стана и дедо во Македонските народни приказни денес полни 70 години!Гоце Тодоровски ( 30 Април1951 во Кичево) — македонски актер
По завршувањето на Факултетот за Драмски уметности при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ се вработува во Драмскиот театар во Скопје и веднаш се истакнува како мошне надарен и суптилен комичар. Покрај ангажманите во матичниот театар, тој е често присутен на програмите на радиото и телевизијата учествувајќи во скоро сите хумористично – сатирични емисии, драми, серии и друго. Чест гостин е и во другите театарски куќи во Македонија.
Награди
Награда за најдобра улога за ликот Цанде во претставата „Солунски патрдии“ на фестивалот за Театарски игри „Војдан Чернодрински“ – Прилеп
1986 – најпопуларно ТВ лице според ревијата анкета на весникот „Вечер“
Филмографија
Балкан бенд
Битолски лакрдии, 2003
Погрешно време, 2000
Салон „Хармони“, 1998
Ангели на отпад , 1995
Грев или шприцер, 1993
Време, живот, 1992
Македонски народни приказни, 1986 – 2012
Елелига Пепелига, 1991
Поштар , 1991
Викенд на мртовци, 1990
Тврдокорни, 1988
Училиште на кловнови, 1987
Трст виа Скопје, 1987
Трето доба, 1986
Солунски патрдии , 1986
Ајде да се дружиме, 1985
Легенди и преданија, 1985
Бушава азбука, 1985
Хихирику
Јуначко колено, 1984
Записник, 1983
Црвениот коњ, 1981
Итар Пејо, 1977
Поважни театарски улоги Лука Лукиќ – Ревозор од Гогољ, ДТС
Докторот – Веселата смрт од Евреинов, ДТС
Цанде – Солунски патрдии од М. Попоски
Пантагруел – Пангуриј од Р. Богдановски
Царчето – Чудото на Свети Ѓорѓија од Р. Богдановски
Леле мале – Јадигар од В. Манчев
Питу – Сара Бернар од Џ. Марел
Генералот – Балконот од Ж. Жене
Ринго – Чија си од С. Насев
Ќорле – Кумови од К. Ангеловски
Кирца – Викенд на мртовци, ДТС
Полицаецот – Клаустрофоб, ДТС
Ангеле – Лет во место од Г. Стефановски, ДТС
Докторот – Болва во уво, ДТС
Ангеле – Лет во место, МКЦ