13.9 C
Ohrid
понеделник, јули 21, 2025
ПочетнаМакедонијаДали Бранko се враќа во политиката?! – Наводно ќе формира партија од...

Дали Бранko се враќа во политиката?! – Наводно ќе формира партија од незадоволните од СДСМ

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

„Вечерва овде е собрана храброста на Македонија!!! Овде е гордоста, искреноста, пожртвуваноста, вистинската волја и решеност!!!-Ова со пари Никола, не може да се купи!“

<

Ова е само дел од говорот на екс лидерот на СДСМ, Бранко Црвенкосвки во 2013 за локалните избори. Дали ќе и’ се врати на политиката човекот кој 20 години ја предводеше СДСМ? Неофицијално во јавноста има гласини дека тој формира партија со незадоволни членови од СДСМ. Од СДСМ не потврдуваат ниту негираат такво нешто. Велат дека секој може да формира партија во едно демократско општество.

Се појавија е некои независни листи во неколку општини. Актуелниот лидер на СДСМ, Зоран Заев на прашањето дали има договор внатре во партијата,одговори одмерено.

„Различни сме од сите заради разноликоста на нашите ставови, на нашите размислувања и тоа не прави најдемократска партија со докажани демократски начини на работење, однесување и функционирање“, посочи Зоран Заев.

Дека СДСМ се соочува со политички потреси покажува и фактот што Радмила Шеќеринска по 8 години на функцијата потпретседател на СДСМ се повлекува од оваа висока функција и нема да се кандидира повторно за истата. Потоа настаните со директорот на Пазарниот инспекторат, Стојко Пауновски кого го разрешија од Владата на Заев. Незадоволство има и во општинските совети. Актуелни членови на СДСМ од Охрид, планираат да одат на следните локални избори со листи и независни кандидати. Од друга страна, долго време се зборува за недоразбирањата меѓу градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски со партиското раководство. Според одлуката на општинската конференција тој нема да биде дел од централниот одбор на СДСМ.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Вечерва e пронајдено безживотно тело близу познат хотел во Охрид.

Вечерва околу 19:50 часот службите за итна медицинска помош и екипи од Министерството за внатрешни работи (МВР) извршија увид на рампата што води кон хотелскиот...

Богојески: Не бев разрешен, дадов оставка, но уште сум директор

Ниту сум разрешен од директор на Националната агенција, ниту се шетам со државни пари, ниту е испратено писмо од ЕУ! Јас поднесов оставка од...

Мицкоски: Околу 1100 -1200 работници работат по целата траса на автопатот до Охрид

Во овие 8 месеци работат на потегот од Климештани до Охрид над 400 камиони, над 100 булдожери од различни типови се вклучени исто така...

Градоначалникот Пецаков и пратеникот Сашо Донев, на чествување на Св. Недела во село Плаќе.

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, заедно со пратеникот Сашо Донев, секретарот на Општина Охрид Александар Китески и бројни верници, денес присуствуваа на одбележувањето на...