18.5 C
Ohrid
понеделник, јули 14, 2025
ПочетнаМакедонијаПоради пандемијата Македонија загуби 14 милиони евра од наплата на патарини !!!

Поради пандемијата Македонија загуби 14 милиони евра од наплата на патарини !!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Повеќе од 14 милиони евра е опортунитетно во минус јавното претпријатие „Државни патишта“ во 2020. Тоа се пари кои биле планирани како приходи од наплата на патарина, но не се остварил есапот, најмногу поради пандемијата, која го ограничи движењето, особено по коридорот 10.

<

„Државни патишта“, споредувајќи ги плановите квартално, по објавувањето на сите извештаи, вклучувајќи го оној и за последното тромесечие од 2020, планирало приходи од наплатата на патарина во висина од 2,95 милијарди денари, но пресметката покажува дека се оствариле 871 милиони денари помалку.

Останатите основни приходи, како што се наплатата на таксата од регистрацијата и оној од акцизите за горива, горе-долу може да се каже дека биле стабилни. Ако се гледа патарината, пресметката по квартали покажува дека се собрани едвај 34 милиони евра. Јавното претпријатие за државни патишта во 2019 успеа да собере рекорден надоместок од возачите за користењето на македонските автопати. Од патарина во 2019 година биле инкасирани над 44,3 милиони евра. Тоа значи дека приходите ќе бидат за околу 10 милиони евра помалку во однос на една година претходно.

Минатата година претпријатието не пушти во употреба нова наплатна рампа, за разлика од 2019 кога започна со работа онаа кај Гевгелија.Во овој момент единствено е предвидено да се градат два наплатни пункта на автопатот Миладиновци – Штип.

Од претпријатието велат дека намалувањето на бројот на возиал е во просек од 30 до 40 отсто помал, но и во однос на на штетите што произлегуваат од ковид-19 пандемијата, резултатите не се за занемарување.

Изминатово лето Грција ги држеше затворени копнените граници не само за туристите од нашата земја, туку и за државјаните од соседството, кои традиционално го користат патниот Коридор 10 низ земјава за патување кон море. Неопходноста од поседување на PCR тест за патување и низ другите соседни земји, со исклучок на Албанија, дополнително го намали бројот на возила на патиштата, а со тоа и наплатата на патарина.

Намалување на наплатата на патарина во однос на 2019 се забележува во сите четири квартали од минатата година. За време на најактивниот период, оној во јуни, август и септември се забележува дури 270 милиони денари помалку приходи на годишно ниво.
А.К. Faktor

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Од ДУИ прашуваат зошто на фестивалот “Охридско Лето” нема албански музичари !!

На Ахмeти и ДУИ почна да им пречи и Охридско лето. Им сметало што на овој меѓународен фестивал, со 65- годишна традиција немало доволно...

Мицкоски: Ако беше лесно сигурно немаше да бидеме избрани од народот ние. (ВИДЕО)

Премиерот Мицкоски објави видео од него и вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николовски од првата делница од долгоочекуваниот автопат Кичево – Охрид со...

Во 2027 година автопатот Кичево Охрид ќе биде целосно завршен и пуштен- За мецес дена ќе бидат пуштени уште 18км!!!

За околу месец и пол премиерот Христијан Мицкоски очекува во употреба да бидат пуштени уште 18 километри од автопатот Кичево- Охрид. Со нив и...

Голем пожар во Злокуќани: Зафатени шест куќи, 7 лица побарале лекарска помош!

Голем пожар избувна вчера вечер околу 20 часот во скопската населба Злокуќани, при што беа зафатени три куќи на улицата „Скупи“. Пожарот, кој првично започнал...