20.5 C
Ohrid
вторник, јули 1, 2025
ПочетнаМакедонијаЗаев: По никоја цена не дозволувам да се чепне македонскиот идентитет, без...

Заев: По никоја цена не дозволувам да се чепне македонскиот идентитет, без него ќе бидеме прашина изгубена…

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

По цена на македонскиот идентитет и македонскиот јазик не ни треба Европска Унија, затоа што ќе бидеме прашина изгубена низ ветрот и кој тогаш ќе влезе во ЕУ? Тоа сме го кажале и досега. Така ги постигнавме и големите договори, штитејќи ја нашата национална посебност – македонскиот јазик и македонскиот идентитет. Затоа што е тоа право на самоопределување, тоа е чувство и не постои договор којшто го договара начинот како се чувствуваме и каков јазик зборуваме. А тоа е и европска вредност, рече премиерот Зоран Заев во однос на спорот со Бугарија и европерспективата на земјава.

<

За пораките од ЕУ и САД, Заев смета дека тие ни се пријатели и стратешки партнери кои се тука да разработат креативи и идеи, да споделат со нас искуство и слично, но, нагласи – наша е одлуката и ние ја носиме.

Иако Бугарија повторно ќе оди на парламентарни избори, тој се надева дека, сепак, може да изнајдеме решение со привремената Влада која ќе ја постави претседателот Румен Радев.

– Затоа што очекуваме, секако, да бидат одговорни политичари со кои ќе можеме да седнеме и да изнаоѓаме решение. Проблемот е нерационален, и мора да најдеме решение. Интерес и на Бугарија е Македонија да биде членка на Европската Унија и да се интегрира во меѓународните организации како што е ЕУ. Тоа е во интерес и на бугарскиот народ, не само на македонскиот. И од тој апсект верувам дека ќе го изнајдеме решението, нагласи Заев.

До решение со Бугарија смета дека треба да се дојде на европски начин на размислување и драго му е, рече, што и Бугарија „признава и кажува дека тие немаат проблем со реалноста за македонскиот јазик и за македонскиот народ“.

-Но велат: „Ајде да ги утврдиме корените“. Ќе ги најдеме и корените ако бидеме паметни на европски начин. Затоа што сите ние сме почитувачи на нашето минато, но сме обврзани да ја креираме нашата иднина. Колку што е можно подобро. Регионот ни е мал и мали ни се земјите и колку повеќе се сплотиме, толку повеќе благодат ќе почувствува народот, истакна Заев одговорајќи на новинарски прашања при посетата на Ресен.

Посочи дека и двете страни, македонската и бугарслата, прифатиле дека имаме и споделуваме заедничка историја, како што целиот Балкан со векови наназад, а и цела Европа, рече, имаат заедничка историја.

-И тука треба да ги изнајдеме начините. И договорот со Бугарија за добрососедство и пријателство јасно номинира дека Комисијата за историско-образовни прашања треба да ги лоцира токму тие историски периоди, историски личности коишто заедно ќе ги славиме, кои ќе бидат можност да не зближат, да соработуваме уште повеќе, а притоа да не го уништиме достоинството на која било од двете страни. Затоа велам – европски начин на наоѓаше решение, истакна премиерот.

Додаде дека народот од двете земји сака да соработува, а не сака да има причини за кавги, и потврда за тоа е што во изминатот период е унапредена соработката на институции од секакво ниво.

– Почнувајќи од Македонската радио-телевизија со Бугарската радио-телевизија, нашата МИА со Бугарската информативна агенција, Советот АВМУ, но и други апскети – имаме повеќе од седум нови бугарски инвестиции во Македонија во последните шест-седум месеци, додаде Заев.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Менди Ќура официјално независен кандидат за градоначалник на Струга

Независниот кандидат за градоначалник на Струга г. Менди Ќура ја објави својата кандидатура. Со понижност и длабоко чувство на одговорност, денес стојам пред вас за...

Ексклузивна фотографии од опожарениот глисер кај каналот Студенчишта во Охрид.

  До нашата редакција пристигна ексклузивна фотографија од глисерот кој денес попладне се запали во близина на каналот Студенчишта во Охрид. Инцидентот се случил пред неколку...

Фото: Се запали јахта кај каналот Студенчишта во Охрид – благодарение на брзата интервенција избегната трагедија !!!!

Се запали глисер кај каналот Студенчишта – благодарение на брзата интервенција избегната трагедија Пред десетина минути во близина на каналот Студенчишта во Охрид избувна пожар...

Трагедија во Италија: Девет годишно девојче со потекло од Македонија се удави во реката Пјаве

Девојче со потекло од Македонија на возраст од девет години вчера трагично го загуби животот во реката Пјаве, во близина на Сан Џакомо ди...