19 C
Ohrid
вторник, јуни 22, 2021
Почетна Македонија Заврши судскиот процес: Казна од 1.000 евра за лекарката која правеше царски...

Заврши судскиот процес: Казна од 1.000 евра за лекарката која правеше царски рез во битолската болница без лиценца

Translate (Eng):[gtranslate]

Условни казни добија тројцата осомничени лекари, двајца гинеколози од Битола и лекарка од Србија, која на 1 јануари годинава правеше царски рез во битолската болница иако нема соодветна лиценца за работа во земјава.

Од обвинителството во Битола соопштија дека тие ги признале делата и се спогодиле. Првоосомничениот гинеколог, добил осум месеци затвор, казна која нема да се изврши ако во рок три години не стори ново кривично дело. Тој е сопруг на српската лекарка и се гонеше за злоупотреба на службената положба и овластување за фалсификување на службена исправа.

Вториот гинеколог, кој е осомничен за злоупотреба на службената положба, се спогодил на затворска казна од три месеци, која нема да се изврши ако во рок од една година не стори ново кривично дело.

РЕКЛАМА

Лекарката од Србија, која се гонеше за непостапување според здравствени прописи за време на епидемија, добила парична казна од 1 000 евра.

- Реклами -