22 C
Ohrid
вторник, јуни 22, 2021
Почетна Македонија Oтсега брзите тестови за Ковид ќе се достапни и на охридскиот аеродром...

Oтсега брзите тестови за Ковид ќе се достапни и на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“

Translate (Eng):[gtranslate]

Со почетокот на летниот распоред на летање на Аеродромот „Св. Апостол Павле Охрид“, а поради барањата на многу земји за задолжителен негативен КОВИД -19 тест, како предуслов за патување по воздушен пат, ТАВ Македонија заедно со Клиниката Жан Митрев и нејзината Лабораторија за генетика и персонализирана медицина, отсега овозможува КОВИД-19 тестови за патување, односно брзи антигенски тестови кои можат да се направат на охридскиот аеродром непосредно пред заминувањето на патникот.

Почнувајќи од утре (сабота, 8 мај), на Аеродромот „Св. Апостол Павле“ Охрид поставен е пункт за КОВИД-19 тестирање на клиниката Жан Митрев, кој се наоѓа во непосредна близина на влезот на терминалната зграда. Пунктот за КОВИД-19 тестирање на Лабораторијата на Жан Митрев, ќе работи на Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид секој ден кога ќе има летови до земјите кои бараат негативен брз антигенски тест, 4 часа пред времето на поаѓање до секоја од дестинациите. – информира ТАВ Македонија.

РЕКЛАМА
- Реклами -