33.9 C
Ohrid
недела, август 10, 2025
ПочетнаМакедонијаВаско Тодоров К-15: Во Австралија рботев 3,5 години се и сешто, утовар...

Васко Тодоров К-15: Во Австралија рботев 3,5 години се и сешто, утовар – истовар, па исто така работев и по магацини…..

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Еден од највпечатливите ликови на најпознатото шоу во Македонија, кое некогаш се емитувало, Васко Тодоров, легендарниот лик на Тошо Малерот од К-15 во гостување на Јади Бурек на ТВ Сонце минатата година, говореше за својата нова книга насловена како „Монологија“, но и тоа како К-15 долго време опстоиле.

<

Васко Тодоров, алијас Тошо Малерот, во емисијата говореше на неколку теми, а меѓу нив беше неизбежна и политиката.

-Никогаш не бевме политички играчи. Ако бевме политички играчи, К-15 немаше да постои и немаше да биде толку гледано. Ако сакаш да имаш здрава сатира, мора тие што ја прават да бидат независни.

Ние направивме производ што сам се продаваше. Со сите политичари сме биле добри. Сатира се прави на власт.“, истакна Тодоров.

Во продолжение Васко проговори и за својот лик кој е на многумина омилен во К-15.

-Сите ние може да се препознаеме во ликот на Тошо Малерот, урбан лик, лузер. Искрен лик. Трите лика, основата, Тошо, Миле и Цацко се комлетно различни но функционираат одлично.Би требало да има околу 3000 скеча и едно 200 реклами.

Новинарот Јанко Илковски го запраша Васко Тодоров и за распаѓањето и згаснувањето на К-15, тема што привлекува секако големо внимание.

-Дваесет години постоеше К-15, тоа е сериозна бројка. Ни се случија работи што не зависат од нас. Прво ни се десија проблеми со фирмата, со ова, со она. Нема ништо страшно, ништо спектакуларно, но ете така заврши таа прикаска.

-Ние 20 години живеевме на кредити. Ние пристојно живеевме, зимавме добри плати. Камерата и монтажата од дедо ми да не е.

Ни бевме под кирија и под кредити и на крај отидовме под хипотека. Ни се случија административни случувања, ни отиде К-15 во стечај.

-Австралија ми се падна, бев таму, може ќе одам пак. Сега и да сакам не можам. Баш сакав да сменам небо и отидов. Живеев и работев таму 3,5 години. Работев се и сешто, по фирми магацини, утовар – истовар, лепев етикети.

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Началникот ќе биде разрешен: Внатрешна контрола констатира непрофесионално однесување !!

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека Одделот за внатрешна контрола при МВР, по извршени проверки во врска со објавеното видео за време...

Ново убиство ја потресе Македонија- Телото на убиениот сеуште е во автомобилот.

Едно лице е убиено откако беше нападнато со огнено оружје при тешкиот инцидент што се случи денеска во Тетово, информира ТВ21. Неофицијално, убиството е извршено...

Се запали глисер на брегот на Охридското Езеро.

Денеска попладне во туристичката населба Елешец, на брегот на Охридското Езеро, избувнал пожар на глисер. Според првичните информации, огнот брзо се проширил, а густ чад...

,,Градоначалникот Пецаков на уникатното автомобилско шоу под охридското небо”

Вечерва, под отвореното небо на нашиот прекрасен град, се одржа третото издание на Night Car Show, каде на едно место се собраа заедно сите...