32.9 C
Ohrid
понеделник, август 11, 2025
ПочетнаМакедонијаСилвана Бонева од толку што патувала од 2011 до 2015 дожиевеала 9...

Силвана Бонева од толку што патувала од 2011 до 2015 дожиевеала 9 сообраќајки…

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Поранешната пратеничка Силвана Бонева, обвинета во „Друмарина“, денес објави дека во периодот од 2011 до 2015 доживеала девет сообраќајни незгоди и дека тоа на судското рочиште го искористила како покритие дека интензивно патувала додека била народен избраник во Собранието.
„Денес се изведуваат доказите на обвинителството меѓу кои имаше 53 фактури и тоа само од еден овластен сервис, кои го потврдија континуираното мое патување, поправките и сервисирањата на моето возило, вклучувајќи ги и поправките по 9те сообраќајки што ги доживеав во периодот 2011-2015.
Апсудрно е СЈО да ме обвинува дека воопшто не сум патувала, а во исто време да поднесува докази со кои потврдува дека континуирано сум патувала, дека речосо секој месец возилото било сервисирано заради помината километража и поправано заради големиот број на сообраќајни незгоди.
Со тоа и после денешното рочиште се потврди неоснованоста на обвинението на СЈО дека од 2011 до 2015 год сум била сместена во Скопје, дека не сум патувала и дека сум ги измамила службите на Собранието дека сум патувала!“, напиша Бонева на Фејсбук.
Според обвинението, таа поднесувала лажни фискални сметки од патарини од други лица кои патувале, за што наплатила значителна сума пари од Собранието. Се работи за периодот од 1 јануари 2011 до 16 декември 2015 година, кога Бонева беше пратеник во Собранието.

<

Таа до службите во Собранието поднесувала лажни фискални сметки од патарини, како да остварила 904 патувања за присуство на седници во наведениот период, со што го довела во заблуда овластеното лице во Собранието да изврши незаконита исплата на средства за патни трошоци во значителен вкупен износ од 6 458 551 денари.

Бонева поднесе и оставка како член на Државната изборна комисија откако за шест месеци зела 12.000 евра за патни трошоци, односно речиси половина од вкупно 25.000 евра колку што исплатила Комисијата.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

„Тетка Доста, една од најомилените во општина Дебрца, замина во заслужена пензија“

Денес во општина Дебрца се собравме по повод еден значаен и емоционален момент – испраќањето во заслужена пензија на нашата колешка,соработник,пријател– нашиот и мојот...

Пред да исчезне во водите на Охридско езеро објавил фотографии

52-годишниот жител на Пловдив, Илија Танчев, е Бугаринот кој исчезна во Охридското Езеро. Во петокот тргнал кон Охрид, објави 4NEWS.mk На својот Фејсбук профил објавил...

Началникот ќе биде разрешен: Внатрешна контрола констатира непрофесионално однесување !!

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека Одделот за внатрешна контрола при МВР, по извршени проверки во врска со објавеното видео за време...

Ново убиство ја потресе Македонија- Телото на убиениот сеуште е во автомобилот.

Едно лице е убиено откако беше нападнато со огнено оружје при тешкиот инцидент што се случи денеска во Тетово, информира ТВ21. Неофицијално, убиството е извршено...