31.9 C
Ohrid
среда, август 13, 2025
ПочетнаМакедонијаСудот по шести пат му одреди притвор на Груевски...

Судот по шести пат му одреди притвор на Груевски…

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Основниот кривичен суд денеска го прифати предлогот на Обвинителството за организиран криминал и корупција да му биде одредена мерка притвор од 30 дена на поранешниот премиер Никола Груевски, како првообвинет во случајот со плацевите на Водно, за кој претходно денеска беше поднесено обвинение.

<

Како што соопштија од судот, определена е мерка притвор од пронаоѓање, односно лишување од слобода за Груевски.

Ова е шесто решение за притвор за Груевски, кој од ноември 2018 година е избеган во Унгарија, каде што доби азил и е недостапен за македонското судство. За него судот има решенија за притвор за пет претходни предмети каде што е обвинет, вклучително и за „Талир“ за незаконско финансирање со милионски суми на партијата ВМРО-ДПМНЕ.

Во случајот со плацевите на Водно, Груевски е обвинет за кривичното дело Противправно стекнување и прикривање имот. На бизнисменот Орце Камчев, кој во овој случај е обвинет за кривичното дело Перење пари и други приноси од казниво дело, судот денеска му го продолжи притворот за нови 30 дена.

Повеќе >> sdk.mk

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Не сум исчезната, премажена сум: Пресврт во случајот со исчезнатата жена од неготинско Војшанци

Јас сум жива и здрава, не сум исчезната, туку се премажив, со овие зборови до нашата редакција се обрати жена која тврди дека е...

Македонец осуден на осум години затвор во Бугарија и казна од 50.000 лева

Бугарските медиуми денеска известуваат дека Окружното обвинителство во Ќустендил спроведе судски акт кој стапи на сила, со кој 34-годишниот Г.Н., државјанин на Северна Македонија,...

Охриѓанец со ЈУГО киднапирал 60-годишна жена.

На 12.08.2025 во 22:05 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода З.Ј.(59) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека...

Свечена владина седница по повод 24 години од Охридскиот рамковен договор

Владата денеска ќе одржи свечена седница на која ќе бидат одбележани 24 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор. На седницата, како што најави владината...