17.7 C
Ohrid
недела, јуни 29, 2025
ПочетнаМакедонијаХрватката Ива: Поради Тоше Проески научив македонски, се крштевав во Скопје и...

Хрватката Ива: Поради Тоше Проески научив македонски, се крштевав во Скопје и станав православна христијанка

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Ива Радељевиќ е родена во Загреб и има 35 години. Себеси се опишува како една обична, истовремено и необична девојка, која низ ова патување наречено живот турка во количка. Среќна ја прават многу нешта – семејството, пријателите, нејзините кучиња и чинчилата, книгите, особено блогот што го пишува посветен на книгите. Редовен посетител е во театар. Тој свет ја фасцинира. Наскоро ќе дипломира на факултетот за менаџмент – односи со јавност. Голем фан е на музиката, а концертите се дел од неа. Среќна е кога го усовршува македонскиот јазик и кога ќе се сети на спомените кои ја врзуваат за Македонија. Сонува повторно да ја посети нашата земја, пишува Женски Магазин

<

*Совршено го зборувате и пишувате македонскиот јазик. Беше ли тешко да се совлада и кој ви помогна?

-Благодарам на комплиментите, ама мислам дека има уште многу работа на мојот македонски јазик. Колку повеќе учам толку повеќе сфаќам дека нема крај. Ми велат дека имам дарба за јазици, бидејќи освен мајчин хрватски и македонски, знам англиски, шпански и италијански јазик. Почнав да учам македонски од љубов кон Тоше Проески и од желба да разберам за што пее и зборува во своите интервјуа. Преку интернет се запознав со мили луѓе од Македонија. Кога дојде време да одам на концертот на Тоше, еден мил другар ми помогна да го научам основното,бидејќи сакав кога ќе се запознаеме да зборувам на македонски. На Тоше му беше многу мило и ми рече “Многу убаво ти прилега, вети ми дека ќе го научиш убаво”. Му ветив и ме гушна. Тоа е еден од најубавите моменти во мојот живот . Ветеното треба да се стори. Тргнав да учам сама слушајќи радио, гледајќи телевизија и читајќи на интернет. Потоа дознав дека во Загреб постои Заедница на Македонците во Република Хрватска и Македонско културно друштво „Охридски бисер Загреб“.Таму станав дел од работилницата по македонски јазик за возрасни и драмската секција и стекнав пријатели за цел живот. Со години зад мене се многу часови по македонски, настапи и прекрасни моменти. Многу сум им благодарна на луѓето од друштвото што ме прифатија како дел од себе. Не ми е тешко да учам македонски јазик. Предизвик ми е особено пишувањето на кирилица. Тешко ми е поради мојата попреченост, ама и тоа го правам со многу посветеност и љубов.

 

Моите врски со Македонија се цврсти и за целиот живот

* Кога македонската ракометна репрезентација игра во Загреб, вие сте редовна на трибините и навивате за неа. Имате голем број пријатели од овде. Што друго ве врзува за нашата земја?

-Секако дека навивам за Македонија. Од своето учење и истражување се вљубив во земјата, културата, литературата, музиката ,кујната и најмногу во луѓето. Стекнав пријатели кои ме збогатија како личност. Особено сум горда на пријателството со Игор Џамбазов, бидејќи со помош на неговата книга научив да читам кирилица, а тој е прво јазичен, а потоа и животен идол. Некои луѓе од идоли ми станаа другари, а потоа и семејство. Бидејќи немам македонско потекло, имав желба духовно да станам дел од македонскиот народ, да се крстам во македонска православна црква. Многу сум му благодарна на моето семејство, особено на моите родители кои имаа разбирање за мојата желба и ме поддржуваат во се што е поврзано со Македонија. Многу сум им благодарна и на моите кумови Петар Младеновски и Ели Клинчаревска Младеновска кои се кумови од соништата и секојдневно се трудат да расте мојата љубов кон Македонија, но и јас како личност. Тие се вистински идоли и синоним за љубов во полна смисла на зборот. Голема благодарност до отец Оливер Петровски кој има многу разбирање за мене. Можам да кажам дека моите врски со Македонија се цврсти со многу љубов и за целиот живот.

За повеќе детали и фотографии кликнете на: Женски Магазин

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро, во близина на градската плажа. Телото го забележале двајца граѓани кои...

По цели 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да го напуштат Мелбурн и да се вратат во татковината.

По цели 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да го напуштат Мелбурн и да се вратат во татковината. Нивната нова...

Стојанче Ангелов: Најдов двајца пилоти, од есен ќе започнат со обука

Директорот на Агенцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, во емисијата „Трилинг“ реферираше дека сите три противпожарни авиони ер-трактори се во функција, со тоа...

Андоновски: Доаѓа крај на хартиените документи – возачка и лична карта сè на мобилен телефон

На Самитот за дигитализација на Западен Балкан, што ќе се одржи на 1 и 2 октомври во Скопје, официјално ќе биде претставена македонската апликација...