11.9 C
Ohrid
сабота, јуни 7, 2025
ПочетнаМакедонијаЕКО ФАП од Охрид стана побогат со уште две противпожарни возила, донација...

ЕКО ФАП од Охрид стана побогат со уште две противпожарни возила, донација од Општина Охрид.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Неизмерно е задоволството што од денес ЕКО ФАП стана побогат за уште две противпожарни возила донација од Општина Охрид. Станува збор за две противпожарни возила марка ФАП 13 14 кои веќе извесно време се надвор од употреба на ТППЕ Охрид , но својот живот ќе го продолжат во противпожарното одделение во рамките на ЕКО ФАП каде во добро и лошо и понатака ќе служат на граѓаните. Целта е истите да бидат реставрирани , исправни и секогаш во функција на нашиот Охрид, напиша на својот ФБ профил Горан Устијаноски, еден од оснивачите на Еко Фап.

<

Устијаноски во објавата додава:

Изразуваме благодарност на Општина Охрид и ТППЕ Охрид за поддршката и препознаенета добра идеја за формирање на доброволно противпожарно друштво за прв пат во нашиот град!
Ќе му служиме на Охрид од срце!

Инаку доброволното противпожарно еколошко и хуманитарно здружение ЕКО ФАП – Охрид полека но сигурно се комплетира и е се поблиску до својата цел. Со одлука на Владата од 23 март 2021 год на трајно користење доби стар автобус од Специјалната болница за ортопедија и трауматологија Св. Еразмо Охрид.

Инаку ЕКО ФАП е доброволно противпожарно еколошко и хуманитарно здружение. Ова здружение дејствува доброволно и организира еколошки акции за расчистување диви депонии во градот Охрид и во околината. Исто така, организира самоиницијативно учество во гасење пожари, помош на населението при елементарни непогоди и хаварии на вода и давање помош на социјално загрозени семејства. Тие изминатиот период се познати во јавноста со тоа што постојано на доброволна основа расчистуваат локации во Охрид, на кои има мини депонии. Но, ова здружение нема само еколошка цел, туку и противпожарна. Нивна цел е Охрид конечно да добие и противпожарен брод.

Неодамна ЕКО ФАП добија донација од Град Скопје, едно противпожарно возило и две мобилни лафетни млазници. Преку оваа донација, ЕКО ФАП има можност да ги прошири своите активности. Целта е оптимално одговарање на предизвиците при расчистување на дивите депонии на брегот на Охридското езеро и во Националниот парк Галичица.

Мобилните противпожарни млазници, пак, би биле употребени во опремување на противпожарен брод во рамките на здружението.

 

извор: ФБ Горан Устијаноски

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Награда за животно дело: Гоце Тодоровски

60. Ручек, ТВ-филм; 2022 61. Бистра вода, ТВ-серија, 2022 НАГРАДИ 1980; МТФ „Војдан Чернодрински“, Прилеп: награда за најдобро актерско остварување за улогата на Цанде во претставата „Солунски...

Максим Димитриевски повторно ќе биде кандидат за градоначалник на Куманово?!

Претседавачот на Централниот одбор на ЗНАМ Игор Филков вели дека преговорите за настап на претстојните локални избори во рамки на коалицијата се во тек...

Костадинов: Нема да дозволам Муртино да биде заборавено, тоа не е политичка партија

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов на својот Фејсбук профил пишува дека нема да дозволи селото Муртино да биде заборавено. Обилните врнежи предизвикаа сериозни штети во...

Општина Кочани почнува со уривање на дивоградбите на трошок на газдите

Општина Кочани најави дека започнува со уривање на дивоградбите во градот, а трошоците планира да ги наплати од сопствениците на дивоизградените објекти. По трагедијата што...