29.9 C
Ohrid
вторник, август 12, 2025
ПочетнаМакедонијаНа Скопјанец по грешка, прво му ја вбризгале втората доза од Спутник...

На Скопјанец по грешка, прво му ја вбризгале втората доза од Спутник В

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Вработен во критична инфраструктура пред три недели заминал во салата Борис Трајковски да се вакцинира против коронавирусот за првпат. Меѓутоа, кога го добил вакциналниот картон, му станало јасно дека всушност му е вбризгана втората доза од вакцината Спутник В, односно ревакцината, а не првата доза како што требало.

<

Како што раскажува неговата снаа за „Слободен печат“ инсистирајќи на анонимност, сега не му е јасно дали вакцинацијата за него ќе биде успешна, дали ќе има здравствени последици поради тоа што е измешан редоследот на дозите и бара Министерството за здравство на писмено да му гарантира дека се со него ќе биде во ред. Со такво барање се обратил во службите на Министерството за здравство, со допис, кој му бил примен и заверен со архивски број, меѓутоа одговор на дописот нема.

-Првата и втората доза на Спутник В, односно вакцината и ревакцината се разликуват меѓу себе и содржат различни вектори. Затоа, не знае дали ќе му биде добро, дали да оди во понеделник да ја прими другата доза, со оглед на тоа дека првиот пат прими доза во погрешен редослед. На прашањето дали ќе има проблем што прво му е дадена втората, а потоа првата доза од Спутник, никој официјално црно на бело не му потврдува дека по неговото здравје нема да има последици и дека вакцинацијата за него ќе биде успешна.

за повеќе детали тука…

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Вработените на Урологија се откажале од парите за службени мобилни и наместо тоа купиле 18 клими за пациентите

Универзитетската клиника за урологија денеска ја промовираше новата, целосно реновирана болничка инфраструктура, како дел од широк инвестициски и реформски циклус, кој опфаќа модернизација и...

Циркузот продолжува: Директорката Лозановска не сака да зборува на англиски иако положила курс во Бугарија.

Во последните денови, јавноста со големо внимание го следи случајот со поранешната директорка на училиштето во Демир Хисар, Маја Лозановска, кој повторно ја отвори дебатата...

Ахмети: Јас резервна татковина немам- Мојот прадедо и дедо почиваат во кичевско.

Тогаш и денес, јас друга држава немам. Јас резервна татковина немам. Мојот прадедо и дедо, моите татко и мајка, почиваат во Зајас, Кичевско, вели...

Полицијата приведе две лица- Му се заканувале на градоначалникот и на неговото семејство

На 12.08.2025 во 02:20 и 02:50 часот во Росоман, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода М.Д.(33) и Т.П.(34), двајцата од Росоман,...