19.6 C
Ohrid
вторник, јуни 22, 2021
Почетна Македонија Спасовски - Јас денес се вакцинирав и се чуствувам одлично - ви...

Спасовски – Јас денес се вакцинирав и се чуствувам одлично – ви препорачувам и вие да се вакцинирате

Translate (Eng):[gtranslate]

Ја завршив мојата граѓанска и лична должност и одговорност, порача министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, откако денеска се вакцинираше против ковид-19 во вакциналниот пункт во Куманово. Министерот ја прими вакцината на „Синофарм“.

Тој апелираше граѓаните да се вакцинираат за што поскоро да се врати нормалниот живот.

„Без разлика која вакцина е во прашање, подобро е да се вакцинирате за да се спречат тешки форми на ковид-19. Сите вакцини се проверени и безбедни и добро е што во последно време имаме голем број граѓани кои сакаат да се вакцинираат и уште еднаш ќе апелирам да се пријават на vakcinacija.mk. Вакцинацијата не е крај на борбата против ковид, посебно во периодот после вакцинација треба да внимаваме, да ги почитуваме мерките кои се пропишани“,рече Спасовски, додавајќи дека вакцинацијата не значи и крај на борбата туку мора и понатаму да се почитуваат мерките.

РЕКЛАМА

Во Куманово, како што сподели тој, досега е имунизирано над 10 проценти од населението.

- Реклами -