19 C
Ohrid
вторник, јуни 22, 2021
Почетна Свет Ники, презентерката на Евросонг е трансродово лице

Ники, презентерката на Евросонг е трансродово лице

Translate (Eng):[gtranslate]

Ники де Јагер, популарна блогерка од Холандија, која стекна светска слава со своите видеа за шминкање, а која е презентерка на Евровизија 2021 во Ротердам, всушност е трансродово лице.

Со свои 27 години, таа веќе има зад себе има завидна кариера и соработки со голем број на познати ѕвезди, за кои работи како професионален шминкер. Во 2017 година списанието ,,Форбс” ја стави во листата на десет најпознати инфлуенсери за шминкање, има освоено низа на награди на натпревари за шминкање, и е амбасадор на многу брендови. Во видео објавено на нејзиниот Јутјуб канал во јануари 2020 година, таа ја изненади светската јавност, кога откри дека направила промена на полот.

-Транзицијата ја минав во тинејџерските денови. Јас сум трансродово лице, и сакав тоа да и го откријам на јавноста еден ден. Но, бев уценувана од одредено лице дека ќе го открие мојот пол од раѓање, па затоа решив тоа да го направам самата – раскажа Ники во видеото насловено „I’m Coming Out”.

РЕКЛАМА

Пред две години таа се сврши со нејзиниот партнер Дилан, за кого вели дека и е најголема поддршка во животот.

Вики Клинчарова FOKUS

- Реклами -