21.9 C
Ohrid
вторник, јули 15, 2025
ПочетнаМакедонијаМенувањето на полот во личните документи станува легално во Македонија.

Менувањето на полот во личните документи станува легално во Македонија.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Менувањето на полот во личните документи станува легално во Македонија. Промените ќе бидат запишани во Изводот на родени на државјанинот кој се одлучил за вакво нешто и при тоа нема да биде ставена никаква забелешка во документот дека е сменет полот. Ова го предвидуваат измените на Законот за матична евиденција кои веќе Владата ги доставила во парламентот.

<

Се работи за постапка за признавање на т.н. родов индентитет кој законот го дефинира како лично доживување и е различно од полот со кој е родено лицето

Член 19-a гласи: Секој граѓанин на Република Северна Македонија кој има наполнето 18 години, кој е деловно способен и кој не е во брак има право на правно признавање на родот во постапка уредена со овој закон.

Кон барањето се поднесува и нотарска изјава во која стои дека родовиот идентитет не е во согласност со полот назначен во матичната евиденција во моментот на раѓање и промената на ознаката за пол не ја прави заради одбегнување на договорна или законска обврска, како и извршување на казна изречена од надлежен суд“ пишува во законските измени.

Управата секоја година изготвува извештај за поднесените барања за промена на полот и колку од нив се прифатени, а колку одбиени.До сега 6 граѓани во државата го промениле полот во личните документи но за тоа чекале од 2 ипол до 10 години. За едни Управата го уважила барањето, за други го одбила во трет случај се прогласила за не надлежна велат од „Коалиција Маргини“. Сметаат дека со усвојувањето на овој закон ќе се унапреди правата на овие лица кои до сега живееле изолирано.

Бошкова вели дека станува збоз за сериозен напредок во однос на регулативата бидејќи Македонија е малкуте земји во Совет на Европа кои го немаат регулирано ова прашање.

Сител

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Командант “БАРУТИ” од домашен, оди во затворски притвор !!!

Кривичниот суд денеска одлучи да му се замени домашниот со затворски притвор на напаѓачот на скопската градоначалничка Арсовска. „Имено, С.Љ. осомничен за кривичното дело Насилство...

За прв пат во Македонија изречена казна затвор за убиство на Куче !!!

Кривичниот суд денеска ги осуди Љубе Крстевски и Бранко Билбиловски за убиството на кучето Феликс, кое почина на 7 јануари 2025 година од последици...

Кривична пријава за доктор од Струга.

ОВР Струга поднесе кривична пријава против К.С.(42) од Струга, лекар во Општа болница во Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело...

На 36 години почина македонскиот гитарист и професор Кристијан Волчев

Загуба за македонската култура и музика Македонската музичка сцена остана без еден од своите најталентирани и најпосветени уметници – Кристијан Волчев. На само 36 години,...