19 C
Ohrid
вторник, јуни 22, 2021
Почетна Македонија Бочварски: Автопатот Кичево-Охрид ќе го прават 720 работиници со 360 машини, и...

Бочварски: Автопатот Кичево-Охрид ќе го прават 720 работиници со 360 машини, и ќе чини само 598 милиони евра.

Translate (Eng):[gtranslate]

Mинистерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, заедно со директорот на ЈП за државни патишта, Ејуп Рустеми, денеска изврши увид во изградба на автопатот Кичево – Охрид.

„Имаме силен интензитет на работа на автопатот Кичево – Охрид, секојдневно работат над 360 машини со повеќе од 720 работници. Експропријацијата на земјиштето на главата траса е завршена, конструкцијата на тунелот е исто така завршена, изградени се 3,5 километри потпорни ѕидови, а ископот на целата траса е завршен со 53 проценти“, нагласи ресорниот министер.

Во однос на шпекулациите дека автопатот поскапел, би истакнал дека таквите информации не се точни. Цената е утврдена уште од 2018 година на 598 милиони евра и не станува збор за дополнително поскапување, додаде Бочварски.

РЕКЛАМА

„Досега се асфалтирани 31 % од првиот слој асфалт од вкпуната траса, а завршени се дополнителните проекти за 9 клучки. Во меѓувреме, се работи на алтернативните пристапни патишта, на ископите, на изградба на мостовите и вијадуктите, на тампонирање и на други земјени работи, каде што позициите тоа го дозволуваат“, посочи министерот.

На новинарско прашање кога ќе биде завршен автопатот, Бочварски истакна дека во овој момент се преговара со изведувачот за нов анекс на договорот, со кој ќе се продолжи изградбата на автопатот, без дополнителни средства.

 

- Реклами -