16.9 C
Ohrid
петок, јули 4, 2025
ПочетнаМакедонијаПочина Ѓоко Поповски - снимателот кој ги направи првите снимки од земјотресот...

Почина Ѓоко Поповски – снимателот кој ги направи првите снимки од земјотресот во 1963-та година

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

На 88-годишна возраст почина македонскиот снимател Ѓоко Поповски, Гањо.

<

Гањо е познат по тоа што ги направи првите снимки од скопскиот земјотрес во 1963-та година, но и човекот на кого му се поклонуваше целата снимателска фела и еден од ретките кој ги снимаше настаните на доживотниот претседател на Југославија, Јосип Броз Тито.

Секогаш со ведар и насмеан дух, кој воопшто не попушташе под тежината на камерата ревносно забележувајќи го секој момент на настаните од политички, економски, културен или било кој аспект. Важеше за голем професионалец, колега, другар, кој научил многу свои помлади колеги на занаетот со камера. Вистинска легенда ќе речат луѓето што имале шанса да работат со Гањо.

Утрото на 26-ти јули бил во својот дом, речиси ништо не навестувало на доаѓањето на големата катастрофа.

Гањо претходниот ден купил десет филмови за неговиот фотоапатрат, не знаејки дека фотографиите од тие филмови ќе го обиколат целиот свет, откако скопјани ќе се разбудат во рушевините во 5 часот и 17 минути, а тој прв ќе ги документира човечките судбини.

Со неговиот фото објектив документирал многу потресни моменти и човечки судбини.

Неговата кариера ја красат бројни признанија и награди, а Гањо со децении беше дел од телевизиски редакции и документарни екипи, без чии дела тешко дека денес може да се реконструира дел од видео приказната за Скопје и Македонија..
ТОЧКА

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полицијата го уапси 25 годишниот мотоциклист, кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје

Полицијата го уапси мотоциклистот кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје, на пешачка патека во близина на Паркот на франкофонијата. Откако го прегази...

Адвокат од Косово, со 4 магариња се појави пред собранието

Пред седницата на косовското собрание кое неуспеа и по 41-ви обид да се конституира, адвокатот Арианит Кочи излезе повторно на протест. Овој пат, Кочи...

Стојанче Ангелов предвидува лето со многу пожари

Сезоната на пожари во земјава почна порано и дневно се регистрираат по триесеттина пожари, а денеска активни се четири пожари на територијата на општините...

Повторно искршени гробишта во Подгорци – вандализмот се врати на празникот Св. Наум

Повторно искршени гробишта во Подгорци – вандализмот се врати на празникот Св. Наум. Искршени споменици, уништени крстови и нова доза на тага во селото Подгорци,...