26.9 C
Ohrid
вторник, јули 1, 2025
ПочетнаЗабаваВане Маркоски: Ми се исполни желбата која ја посакував уште од дете....

Ване Маркоски: Ми се исполни желбата која ја посакував уште од дете….

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

ТВ водителот Ване Маркоски пред неколку месеци започна со работа на утринската програма на Македонската телевизија како и на Радио 2.

<

Извесен период пред да го отпочне својот ангажман во националниот сервис, Ване имаше пауза од работа, но периодов новата медиумска куќа му овозможи да биде доста активен на професионално поле.

Имено, во саботното финале на Еврозивија на Ване му беше доделена задачата за која сонувал уште од дете.

Тој ги презентираше поените кои ги додели Македонија на земјите учеснички на финалнта ноќ и се појави пред европската публика на големото музичко случување. Во врска со оваа телевизиска можност Ване се огласи на својот Фејсбук и во објавата вели:

-Студио 6, МРТ. Од тука вечерва ќе ги презентираме бодовите од македонското жири за Евровизија За некого само финале, за мене 15 секунди исполнување на желба од дете, силна желба на човек кој ја сака телевизијата, да се појавам и одработам за овој голем настан и да ги преставам бодовите од националното македонско жири .Кратки, ама одговорни секунди …Не за џабе рекле “пази што посакуваш”, напиша Ване чија сатисфакција од сработеното беше евидентна.

Концизен, позитивен, насмеан, таков беше нашиот презентер кој 12-та од Македонија ја додели на „Хурикејн“ или преставничките на Србија за песната „Локо локо“.

Преземено од vistina.com.mk

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Март Кос: Идентитетот ви се манастирите, погачата, тавче-гравче, пинџурот или полнетите пиперки!

Еврокомесарката за проширување Март Кос вели дека идентитетот не може да биде предмет на политичко одлучување, бидејќи идентитетот е нешто што си го носиме...

Охриѓанец во ноќен клуб си ја истепал сопругата.

На 01.07.2025 година во 09.15 часот, лишен од слобода е С.Г.(35) од Охрид кој на 30.06.2025 година во 22.10 часот, во ноќен клуб во...

Тошковски: Апсењето во Струмица беше филмско, планирале дрогата да ја изнесат надвор од Македонија

Три лица уапсени, автомобилот бил полн со дрога, постоел план за нејзино изнесување од Македонија. Ова се клучните детали од вчерашната акција во Струмица,...

Битолчанец во казино претепал доктор, па потоа ја нападнал и полицијата !!!

Предложен притвор за осомничен за напад врз лекари и полицајци Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека...