19 C
Ohrid
вторник, јуни 22, 2021
Почетна Македонија Градоначалникот на Чаир: Сопствениците на хаварисани возила добија жолта лепенка, ако не...

Градоначалникот на Чаир: Сопствениците на хаварисани возила добија жолта лепенка, ако не ги отстранат за предвидениот временски рок јас знам после што треба да правам.

Translate (Eng):[gtranslate]

Општина Чаир истакна дека има механизам за справување со хаварисаните возила кои узурпираат јавен простор, преку Фејсбук објава, градоначалникот на општината истакна дека наредниов период тие возила ќе бидат обележани, со цел самите сопственици да ги отстраната, во спротивно како што истакна Ганиу, општината имала план.

„Во координација со ЈП „Шкупи Вјетр“ започнавме со реализација на постапката за отстранување на напуштени и хаварисани моторни возила, приколки и слично од јавните простории на територија на Општина Чаир.

Во текот на денешниот ден, ангажираниот работен тим и општинските инспектори во согласност со одобрената регулатива за ова прашање, ги поставија предупредувањата на возилата кои се предмет на акцијата, давајќи рок од 8 дена за нивно отстранување од страна на самите сопственици.

РЕКЛАМА

По истекот на овој предвиден рок, ќе следат други механизми за отстранување на овие возила од јавните простории во согласност со регулативата од страна на нашите служби до нивното целосно отстранување, соопшти преку Фејсбук објава градоначалникот на О. Чаир, Висар Ганиу.

 

- Реклами -