15.3 C
Ohrid
четврток, јуни 17, 2021
Почетна Македонија Милошоски: На автопатот Кичево – Охрид има 700 дупки, но не и...

Милошоски: На автопатот Кичево – Охрид има 700 дупки, но не и 700 работници

Translate (Eng):[gtranslate]

Тука сум прво затоа што имаме со Германската фондација Конрад Аденауер еден заеднички проект во соработка во однос на локалните избори, комуникација со граѓани, развој на програми за локална самоуправа и како поуспешно и со помош на германската ЦДУ да стигнеме до подобар изборен резултат. Втората работа која што сакам да ја спомена е дека ќе го искористиме престојот тука за да направиме средби со повеќе стопанственици од туристичкиот сектор и од други сектори во Охрид кои што гледаме дека се многу погодени од работењето на владата која што не им дава приоритет, ниту пак сериозни решенија за да ја надминат оваа тешка кризна ситуација која што на Охрид се одразува со зголемување на бројот на невработени лица, вели тој.

Милошоски од Охрид испрати две пораки.

-Сметаме дека ваквиот начин на запоставување на целиот Охридски регион само дополнително ја влошува економската ситуација за граѓаните на Охрид, Струга и околината и мислиме дека оваа власт и на локално и на централно ниво не е способна и не е спремна да им помогне на стопанствениците на соодветен начин и време е да има промена на власта, рече тој.

РЕКЛАМА

Членот на извршниот комитет и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во изјава од посета на Охрид кажа дека СДСМ не е способна да ги заврши ниту пак да ги продолжи капиталните проекти како автопатот Кичево-Охрид што ги започна ВМРО-ДПМНЕ.

Милошоски кажа дека министерот за транспорт лаже кога вели дека 700 работници работат на патот Кичево-Охрид и дека единствено може да се видат 700 дупки на самиот автопат.

-Прво ќе кажам дека тоа што го започна ВМРО како капитални проекти автопатот Кичево – Охрид СДСМ очигледно не е способна да го доврши ниту да го продолжи. Министерот за транспорт лаже дека на патот работат 700 работници ние денеска на патот видовме 700 дупки, но не видовме 700 работници а ваквиот несреден пат загрозува и безбедност во сообраќајот но го загрозува и му штети и на туристичкиот потенцијал и на стопанскиот потенцијал на Охрид и на Струга, појасни Милошоски.

Милошоски потенцираше дека доколку автопатот Кичево-Охрид бил завршен како што било планирано во 2018 година, ќе имало побезбеден сообраќај а воедно и подобри стопански и туристички услови, но очигледно е дека СДСМ е неспособна да го испорача овој проект. Тој дополни дека време е овој проект да го заврши една поспособна влада.

 

- Реклами -