13.9 C
Ohrid
петок, јули 4, 2025
ПочетнаМакедонијаМатурантот Бесар Исмаили пример за млад земјоделец во Македонија.

Матурантот Бесар Исмаили пример за млад земјоделец во Македонија.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Во село Чифлик, Општина Сопиште живее семејството Исмаили кои обработуваат 10 хектари под јагоди, домати, компири, а имаат и насад со цреши.

<

Малку е да се каже дека се вредни, сликите зборуваат за тоа, но вниманието ни го привлече скромниот матурант, Бесар, кој со мерак работи на нивите, особено кај јагодите, а на училиште реди петки.

-Кога сум втора смена во училиште, прво рано сабајле доаѓам кај јагодите, а после се вклучувам на онлајн настава. Просекот ми е 5.00. Ја сакам и струката која ја учев, сообраќаен техничар, но многу го сакам и земјоделското производство – вели за Агротим Бесар.

Во работата се вклучени целото семејство, и произведуваат различни култури. За јагодите вели дека не се тешки за производство но мора да се биде внимателен и секојдневно да се биде во насадот.

-За да произведеш вакви убави и квалитетни јагоди, мора да се вложи многу работа и тоа секојдневно. Имаме систем капка по капка и тоа е многу важно за ова производство, мора наводнување. Исто така и прихрана и заштита, за да се извади ваков квалитет кој нема проблем за пласман – вели Бесар.

Во производството користат покривка од слама која има двојна улога, штити од мраз во текот на зимата, а потоа овозможува да нема кал и да бидат јагодите чисти.

За цена и пласман вели дека е добро, задоволни се. Скоро секоја година јагодите ги продаваат на трговец од нивното село кој ги пласира на косовскиот пазар.

За повеќе детали и фотографии кликнете на Агро Тим

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полицијата го уапси 25 годишниот мотоциклист, кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје

Полицијата го уапси мотоциклистот кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје, на пешачка патека во близина на Паркот на франкофонијата. Откако го прегази...

Адвокат од Косово, со 4 магариња се појави пред собранието

Пред седницата на косовското собрание кое неуспеа и по 41-ви обид да се конституира, адвокатот Арианит Кочи излезе повторно на протест. Овој пат, Кочи...

Стојанче Ангелов предвидува лето со многу пожари

Сезоната на пожари во земјава почна порано и дневно се регистрираат по триесеттина пожари, а денеска активни се четири пожари на територијата на општините...

Повторно искршени гробишта во Подгорци – вандализмот се врати на празникот Св. Наум

Повторно искршени гробишта во Подгорци – вандализмот се врати на празникот Св. Наум. Искршени споменици, уништени крстови и нова доза на тага во селото Подгорци,...