27.9 C
Ohrid
вторник, јули 15, 2025
ПочетнаМакедонијаМвр го казни лудакот кој возеше во спротивна лента за да стане...

Мвр го казни лудакот кој возеше во спротивна лента за да стане славен на ТикТок.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Полициски службеници од Одделението за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје презедоа мерки и активности и денеска го пронајдоа и санкционираа лицето кое со своето возило возеше во спротивна насока во скопската населба Ѓорче Петров и потоа објави видео снимка на социјалната мрежа „тик ток“, соопштуваат од МВР.

<

Лицето е идентификувано – С.С. (22) од Скопје и против него се преземени соодветни мерки и покрај соодветната санкција според Законот за безбедност во сообраќајот за возењето во спротивен правец, С.С. е санкциониран и за управување возило без возачка дозвола.

Министерството за внатрешни работи продолжува со санкционирањето на несовесните граѓани, кои со непочитувањето на сообраќајните правила и прописи ја загрозуваат безбедноста на останатите учесници во сообраќајот, велат оттаму.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Командант “БАРУТИ” од домашен, оди во затворски притвор !!!

Кривичниот суд денеска одлучи да му се замени домашниот со затворски притвор на напаѓачот на скопската градоначалничка Арсовска. „Имено, С.Љ. осомничен за кривичното дело Насилство...

За прв пат во Македонија изречена казна затвор за убиство на Куче !!!

Кривичниот суд денеска ги осуди Љубе Крстевски и Бранко Билбиловски за убиството на кучето Феликс, кое почина на 7 јануари 2025 година од последици...

Кривична пријава за доктор од Струга.

ОВР Струга поднесе кривична пријава против К.С.(42) од Струга, лекар во Општа болница во Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело...

На 36 години почина македонскиот гитарист и професор Кристијан Волчев

Загуба за македонската култура и музика Македонската музичка сцена остана без еден од своите најталентирани и најпосветени уметници – Кристијан Волчев. На само 36 години,...