15.6 C
Ohrid
сабота, мај 17, 2025
ПочетнаМакедонијаАнѓушев: Доколку не ми се извинат новинарите ќе барам оштета од 1...

Анѓушев: Доколку не ми се извинат новинарите ќе барам оштета од 1 евро.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Сопственикот на „Брако“ и поранешен вицепремиер Кочо Анѓушев вели дека не му била дадена можност во емисијата подготвена од „Редакција“ да одговори на нивните сомнежите за користење на отпадно отровно масло во компанијата, не му бил објавен ниту демант и најави дека доколку демантот не биде објавен дека новинарите ќе ги тужи со барање за симболична отштета од едно евро. Анѓушев вели дека увезува проверен мазут, се користи во незначителен процент како енергенс, а од идниот месец „Брако“ воопшто нема да користи мазут.

<

Од „Брако“ испратија соопштение во кое се наведени делови од интервјуто на Анѓушев за телевизијата Канал 5 кои се однесуваат на работењето на компанијата во поглед на истражувачката сторија на новинарите од ИРЛ

„Ниту јас, ниту ‘Брако’, ниту другите фирми во кои имам удел никогаш не увезле мазут или нафта, ниту некогаш сум договарал увоз на овие горива. Она мало количество мазут што досега го користеше „Брако” во погонот за поцинкување, 0,5% од вкупната потрошувачка во земјава, е набавено на домашниот пазар, од лиценцирани фирми, производ што веќе ги поминал сите контроли за квалитет од соодветните институции“, рече Анѓушев.

Вели дека на каков било начин не е поврзан со случајот со токсично масло кое во земјава се увезувало како мазут и нагласи дека лично не ги познава сопствениците ниту претставниците на босанската фирма „Хифа оил” преку која, како што беше објавено, маслото по потекло од „Унипетрол” од Чешка, во земјава го увезувала „Евротим” од Кичево.

„Средбата со претставникот на босанската фирма ‘Хифа оил’ се случи во попладневните часови, а не навечер во мрачна атмосфера. Присутни беа претставници на мојот кабинет, кои може да кажат за што се разговарало. Средбата е заведена во архивите на Владата и траеше 30 минути. Изудин Ахметовиќ од ‘Хифа оил’ на таа средба дојде како претставник на коморското здружение Бизнис центар Тешањ – Јелавиќ од БиХ. На средбата е дискутирано исклучиво за поканата кон македонската влада за учество на саем и бизнис-форум и во ниту еден момент на таа средба не е спомнат мазут или која било друга тема. Илија Стрезовски од ‘Евротим’ беше претставен како негов соработник од Македонија. Никогаш претходно и никогаш потоа не сум се сретнал со тие луѓе“, рече Анѓушев, приложувајќи копии од владини документи кои даваат увид за она што се дискутирало на средбата, од која постои и видеозапис.

Во однос на емисијата „Редакција”, Анѓушев вели дека е разочаран од начинот на кој е реализирана емисијата. Тој приложи испис на телефонските разговори од кој, како што нагласи, се гледа дека повикот кон новинарката Сашка Цветковска е возвратен набрзо откако ја добил нејзината порака. И покрај поканата, рече, таа никогаш не се јавила повторно за да закаже средба или да го посети „Брако”.

.MKD.MK

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

69-годишен маж од Свети Николе со воздушна пушка пукал во деца кои береле цреши од неговиот двор

На 16.05.2025 во 14.00 часот во Свети Николе, полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишиле од слобода В.И.(69) од Свети Николе. Тој претходно од...

Жена возач сруши семафор кај Сити Мол.

На булеварот Партизански одреди пред трговскиот центар Сити мол во Скопје попладнето се случи една невообичаена сообраќајна незгода. Автомобил марка „рено“ со скопски регистарски...

Пратеник на СДС се качи на кровот на Собранието и се закануваше дека ќе скокне. (Видео)

Пратеникот на словенечката опозициска партија СДС, Андреј Хојвик, денес се искачи на покривот на Народното собрание во Љубљана и им се обрати на минувачите,...

Сител во кочанската болница каде одат на рехабилитација дел од повредените – лузните ќе зараснат, болката во душата не

Внатрешната болка до крајот на мојот живот ќе трае, зашто лузната како лузна веќе не ме засега, изгубив од сестра детенце, тој е...