11.9 C
Ohrid
четврток, април 24, 2025
ПочетнаМакедонијаДодека другите чекаа да отворат кафаните: Музичарот Оливер Лозаноски за прв пат...

Додека другите чекаа да отворат кафаните: Музичарот Оливер Лозаноски за прв пат насади тутун на 6 декари

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Оливер Лозаноски од Прилеп на свои 42 години реши за прв пат да се занимава со земјоделие, како шанса за егзистенција на своето семејство во услови на корона криза. Тутунопроизводството на земјоделците и на нивните семејства им гарантира постабилна егзистенција во услови на економска криза предизвикана од ситуацијата со Ковид-19, за разлика од неговата досегашна професија како самостоен музичар пишува, Анета Блажевска за  Зелена Берза.

<

Лозаноски е познат во овој крај, пеел на многу свадби, крштевки и семејни веселби, но поради целокупната ситуација со која се соочија сите негови колеги, тој сврти нова страница од животот и почна да обработува земјата.

Како што многу семејства во Прилепско се занимаваат со производство на тутун, така и Лозаноски, годинава насади тутун или како што самите тутунари знаат да кажат „жолто злато“ на татковите ниви.

-Годинава за прв пат насадив тутун на 6 декари, инаку сум музичар, пејач, ама корона кризата си го донесе своето и мора да се работи, да се опстои, вели Лозаноски во разговор за „Зелена берза“.

-Никој не ми веруваше кога реков дека ќе почнам да садам тутун, имам пријатели кои и сега не можат да поверуваат дека јас се занимавам со земјоделие. Но ситуацијата така налага и јас се зафатив со обработка на нивите, вели нашиот соговорник додавајќи дека наскоро ќе се регистрира како индивидуален земјоделец, а веќе потпишал договор за откуп на тутунот со „Орбита табак“-Скопје.

-Тутунот во моментов е најисплатлив, неговото производство ми е најсигурно за да дојдам до финансии, со другите земјоделски култури е неизвесно. Дали за земјоделските култури ќе има откуп, по која цена или воопшто не ќе може да се продадат. Еве годинава добро стои пиперот, се откупува, ама не е секоја година така. А, овде во нашиот крај се знае дека тутунот е на прво место, вели овој производител.

Како да се направи расад за тутун, како да се посади и одгледува, Оливер сега учи од неговиот татко Славе седумдесет и три годишен искусен земјоделец.

-Искуството на татко ми, ми е многу важно за да успеам во целиот процес на производство на тутун. Јас порано помагав, но главната работа беше на плеќите на моите родители. Сега со нивна помош направив расад, го посадив, и стасав да го берам родот. Знаете дека секоја работа ако се работи со љубов носи успех. Битно е дека имав желба да се зафатам со тутунопроизводство, посветив внимание и се оди како што треба, вели Оливер задоволен од постигнатото.

Земјоделието го сплоти семејството

Тутунопроизводство му донесе нови дневни навики на Оливер, ама и неговото семејство. Ако како музичар не спиел со ноќи, сега станува рано наутро, зошто тоа го бара производството на тутун.

-Со земјоделието конечно најдов време за семејството. Со музиката беше подруго. По цели ноќи на свирки и веселби, легнував и во 6 часот наутро, а сега станувам во 3 часот рано изутрината. До 8 часот наутро сум на нива, и се е сработено за денот. Ми помага и синот, тој е веќе 17 години и се интересира за работата, и самиот вели догодина Господ здравје ќе насадиме двојно повеќе тутун. Исто така повеќе време поминувам и со родителите, зошто и тие ми помагаат, вели Оливер.

Во првата сезона од обработката на тутунот Оливер вели дека е задоволен од родот. Годинава очекува да собере и да предаде за откуп околу 1500 килограми тутун.

 

-Имам добар квалитет, и од првата и втората рака собрана од тутунот. Квалитетот е одличен зошто посветив многу внимание, ако треба нивата и по два- три пати ќе ја изорам се додека не обезбедам најсоодветни услови. Од она што ќе го произведам очекувам да ги покријам трошоците на производство и да ми остане за егзистенција за фамилијата. Не станува збор за добивка која ќе значи комотен живот, ама за основните потреби на семејството средства ќе има, вели Оливер.

за повеќе детали тука… Зелена Берза

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пресудата е политички мотивирана, рече Јакимовски кој е осуден на три и пол години затвор

Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски е изненаден од пресудата со која е осуден на затворска казна од три и пол години. Обвини дека се...

Стевчо Јакимовски осуден на три години и шест месеци затвор

Основниот кривичен суд Скопје, денеска ја објави пресудата за предметот против Стевчо Јакимовски, кого го прогласи за виновен заедно со уште едно обвинето лице. „Двајцата...

200 литри магарешко млеко за повредените во пожарот во Кочани.

  Киро Гоцевски од делчевското село Нов Истевник е еден од повеќето примери кои покажа дека хуманоста се покажува на дела. Тој донираше 200 литри...

Екс-директорот на Центарот за култура во Охрид украл 2.500 евра преку фестивал за народни песни

Екс-директорот на Центарот за култура во Охрид украл 2.500 евра преку фестивал за народни песни Поранешниот директор на Центарот за култура „Григор Прличев“ , Г.С.,...