14.9 C
Ohrid
недела, август 10, 2025
ПочетнаМакедонијаХотелите се пријавија, на ред се граѓаните за ваучер од 200 евра...

Хотелите се пријавија, на ред се граѓаните за ваучер од 200 евра за летен одмор

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Заврши јавниот повик за хотелите и туристичките агенции кои претстојнава сезона ќе бидат опфатени во помошта на Владата за справување со последиците од корона пандемијата преку доделување на ваучери за туризам. Право на учество имаа сите категоризирани угостителски објекти за сместување кои се лиценцирани и се во туристичките центри во земјава, како и туристичките агенции со „А“ лиценца.

<

Хотелиерите тријат раце, бидејќи токму во пријавените туристички капацитети ќе завршат средствата од овогодишните ваучери за туризам, кои пак сега ќе бидат во износ од двесте евра. Минатата година се искористија над 60 илјади ваучери, а околу пет милиони евра легнаа на контото на хотелиерите. Традиционално, најпосакувани домашни дестинации за летување беа Охрид и Струга, потоа Дојран и Преспа, а една четвртина од ваучерите завршија во хотелите во зимските туристички центри, како Маврово, Попова Шапка, Берово и Пелистер.

Според министерот за економија Крешник Бектеши државата ќе продолжи и оваа година да им доделува ваучери за одмор на работниците со ниски приходи, а ќе се одлучува по принципот „прв дојден – прв услужен“.

-Продолжуваме со мерката организиран одмор на работници со ниски приходи чии месечни примања по семејство не го надминуваат нето износот од 30.000 денари. Ефектите од ваучерите лани, за време на пандемијата, дадоа резултат, посебно за домашните туристички капацитети, изјави неодамна Бектеши.

Од Владата соопштија дека основна цел на оваа мерка е да им се овозможи на лицата со ниски приходи да искористат годишен одмор во туристичките центри во земјава и во исто време да им се помогне на туристичките центри во зголемување на обемот на работа. Според податоците на Државниот завод за статистика бројот на домашните туристи во септември 2020 година, во однос на септември 2019 година, е зголемен за 33.7 %, додека бројот на странските туристи е намален за 92.3 %. Претставници од туристичката бранша се на став дека ваучерите имаа значајна улога во мотивирањето на растот кај домашните туристи, а од Стопанската комора за туризам лани ја поздравија мерката со ваучерите, но сепак забележаа дека не смеат да бидат изоставени и туристичките агенции.

Овогодишниот повик, пак, ги вклучува и угостителските објекти и туристичките агенции, а од Министерството за економија најавија дека наскоро ќе објават и јавен повик за сите лица кои сакат да добијат ваучер за туризам во вредност од 12.000 денари. Овој ваучер од двесте евра за користење на одмор им следува на сите лица со ниски приходи кои ќе аплицираат на јавниот повик, чии месечни примања во семејството не го надминуваат нето износот од 30.000 денари, а вкупниот буџет за реализација на проектот е 15 милиони денари.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

,,Градоначалникот Пецаков на уникатното автомобилско шоу под охридското небо”

Вечерва, под отвореното небо на нашиот прекрасен град, се одржа третото издание на Night Car Show, каде на едно место се собраа заедно сите...

Митрополитот Иларон му го додели чинот протојереј на отец Димитар Арсовски

Во манастирот посветен на Свети Пантелејмон во селото Пантелеј, Кочанско, митрополитот Брегалнички г. Иларион одржа свечена богослужба на која му додели чин протојереј на...

Нуркач од Бугарија исчезна во водите на Охридското Езеро !!

На 09.08.2025 годна во 13.15 часот, во СВР Охрид и езерската полиција е пријавено дека, И.Т.(52) од Република Бугарија, исчезнал при нуркање на длабочина...

Не постоела наредба за приведување на директорката од Демир Хисар

Поради сомневање за кривично дело Фалсификување и уништување деловни книги, Министерството за внатрешни работи – ОВР Демир Хисар, по барање на Основното јавно обвинителство...