27.9 C
Ohrid
петок, јуни 25, 2021
Почетна Забава Да има нов протокол за свадбите: Свекрвата да биде на дистанца од...

Да има нов протокол за свадбите: Свекрвата да биде на дистанца од снаата 100 метри, вели Милчо Велјановски

Translate (Eng):[gtranslate]

Откако се објавила новите протоколи со кои ќе се организираат свадби, музичарите најавуваат протести, а угостителите се жалат на неправда поради новите протоколи. Жива музика ќе има само на свадби, забрането е музичарите да пеат меѓу гостите.

Еве што предвидува Протоколот за свадби, веселби и прослави на терасите на угостителските објекти:

Не е дозволено гушкање и поздравување; на гостите ќе им се мери температура на влезот; може да се игра само на дистанца… Организирањето свадби, прослави и веселби е дозволено во отворениот дел на угостителскиот објект/тераса.

РЕКЛАМА

Тераса претставува простор кој има покрив и кој е отворен од трите страни. На влезот на отворениот дел од угостителскиот објект/терасата треба да има поставено дезинфекциско средство со видливо известување дека е задолжително да се дезинфицираат рацете при пристигнувањето.

Задолжително е мерење на температура пред влез на гостите од страна на одговорно лице од угостителскиот објект.

Доколку кај некој од гостите се констатира покачена телесна температура (температура повисока од 37,5 степени) веднаш ќе бидат вратени и упатени да се јават кај својот матичен лекар.

Организаторот е должен да ги извести гостите дека доколку кај некој од гостите се констатира покачена телесна температура, ќе бидат вратени и советувани да се пријават кај својот матичен лекар.

Доколку на отворениот дел од угостителскиот објект/терасата има поставено прегради/ѕидови направени од плексиглас, пластика или стакло, потребно е да се отстранат или отворат така што просторот на терасата да остане од трите страни отворен.

Бројот на гостите се ограничува на максимум 50% исполнетост на капацитетот на отворениот дел, но не повеќе од 100 гости.

На Фејсбук се појави пост кој го објави Милчо Вељаноски и на шеговит начин се објаснети новите протоколи:

Свекрвата задолжително да биде на дистанца од снаата 100 метри; Забрането е инсајдерско прибирање информации кој сват од која страна е.

Забрането оговарање на фризурите; Забрането е младоженците да бидат подложени на анализа од страна на роднините од спротивниот табор. Го рењето на ќесето од кумот да се одвива според посебен протокол.

Зборовите од типот „Свадба е голема“ се заменуваат со зборовите „Свадба е протоколарна“, а зборовите „Две музики свират чалгии“ со зборовите „По два протоколи свират чалгии“, итн.

Забрането е присилно викање на оро со зборовите „Стани иgрај, срамота е“; Забрането е групирање и тегнење при фрлање на бидермаерот. Невестата е должна бидермаерот да го фрли од 1000 метри далечина.

Забрането е на неженетите и на немажните да им се кажува: „Ај, па и на твоја глава“.

Фото: Сатира

Teкст:Галама

- Реклами -