5.1 C
Ohrid
четврток, јануари 23, 2025
ПочетнаМакедонијаПриватните клиники Жан Митрев и Систина за време на оваа пандемијата заработиле...

Приватните клиники Жан Митрев и Систина за време на оваа пандемијата заработиле над 40 милиони евра..

spot_img

Во услови кога повеќе од половина од капацитетите во јавното здравство беа пренаменети во ковид-центри, а како што растеше бројот на заболени и снемуваше место во државните капацитети, на граѓаните им остануваше само да се свртат кон приватните болници Аџибадем Систина и Жан Митрев Клиника.

<

Порталот Pari.com.mk во соработка со платформата БизнисМрежа.мк. анализираше колку колку заработиле приватните болници во корона кризата, наведувајќи конкретни примери.

За осум дена 18.000 евра морало да плати семејство од Кавадарци за престој на нивниот татко болен од корона во приватна болница. Само 1.000 евра на ден ги чинело тоа што е приклучен на респиратор. Во целиот хаос кога веќе се пополнија местата во државните Ковид центри велат место побарале во приватните болници. Свесни биле дека тоа ќе чини, но се надевале на подобар третман. Она што не го знаеле е дека додека нивниот татко се борел за живот секој лекарски чекор што требало да биде преземен прво од нив ќе се барало да ги исплатат парите на сметка. Уште пред да стапне во болницата семејството морало да уплати 4.000 евра депозит.

„Изутрина во осум му се откачил тромб и додека не уплативме 8.000 евра не го оперираа. Но операција беше дури на полноќ во 12 часот зошто чекаа парите да легнат на сметка, а за жал татко ми не преживеа. Вкупно за 8 дена плативме 18.000 евра. За мене ова е чисто профитерство и кога ќе помине кризата ги повикувам властите да направат сериозно истражување како се лекувани пациентите во кризава“, велат од семејството кое сака да остане анонимно.

Ова е само еден од многубројните случаи каде што граѓаните во надеж дека нивните најблиски болни од корона ќе добијат подобар третман во приватните болници потрошија цели заштеди, но за жал не сите се излечија. Се поставува прашањето кој што правеше и колку се наплаќаше во пандемијата.

Според порталот, во целата ова ситуација изостана солидарноста и општествената одговорност од двете приватни болници иако бројот на пациенти им се зголеми неколку пати. Цели заштеди на граѓаните отидоа за само десет дена, а некои беа принудени да собираат пари и преку донации за да си ги платат сметките зошто жив или мртов никој не излегуваше од болницата без да ја плати.

Анализата покажува дека во последните 3 години, од година во година се намалува разлика која постои помеѓу овие два субјекти. Ако во 2018 вкупните приходи на Аџибадем Систина беа за 2.2 пати поголеми во однос на Жан Митрев Клиника, таквата пропорција во 2019 се намалила на 1.8 пати, додека во 2020 година трендот е продолжен и сега таа разлика е 1.5 пати. Ова е правопропорционално со остварените поединечни стапки на пораст. Жан Митрев Клиника преку своето успешно работење остварува стапки на пораст на приходи од околу 30%.

Сепак, во апсолутни бројки доминантен играч на пазарот е Аџибадем Систина со остварени приходи во износ од 41 милиони евра.

Сосема поразлична слика за работењето на компаниите се добива доколку се анализираат низ призмата на остварените добивки, односно нивото на приходи не го следи трендот на остварена добивка. Еве што покажуваат податоците од biznismreza.mk:

Жан Митрев заработил 2,2 милиони евра повеќе од Систина. И покрај тоа што Жан Митрев Клиника има пониски приходи во однос на Аџибадем Систина, сепак остварената добивка е далеку повисока. Имено, во 2020 година Жан Митрев Клиника евидентира добивка во износ од 8,1 милиони евра. Во апсолутен износ тоа е за 2,2 милиони евра повисока добивка од Аџибадем Систина која остварила профит од 5,9 милиони евра. Друг аспект во работењето на Жан Митрев Клиника е тоа што во 2020 година успеале да ја дуплираат добивката од 2019 година. За разлика од нив, Аџибадем Систина има осцилации во вкупната добивка, а во 2020 остварува пораст од 2,7 милиони евра.

Заедно овие две компании за време на Ковид-19 ги зголемија своите биланси за неверојатни 14 милиони евра.

Од аспект на број на вработени, анализата покажа дека Жан Митрев со три пати помалку вработени има поголема добивка од Систина.

Соодносот во бројот на вработени помеѓу двете компании е нешто повеќе од 3/1, во корист на Аџибадем Систина. Од друга страна пак Жан Митрев Клиника покажа дека и со намалување на бројот на вработени може да се генерира пораст и во вкупните приходи, но и во остварената добивка.
слободен печат

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Делата зборувааат за него: Градоначалникот Ногачески горд на реализираните проекти- Во 2025 година не очекуваат уште поголем број на нови проекти.

💁По изминувањето на три години од вториот градоначалнички мандат даваме преглед-потсетување на поголемиот дел од реализираните инфраструктурни проекти и активности, во периодот од 04.11.2021...

Заменик директорот во „Македонски шуми“ дели бесплатно 50 знамиња со Сонцето од Кутлеш

Заменик генералниот директорот во „Македонски шуми“, Кире Михаилов на својот Фејсбук профил се пофали дека е исплатена декемвриската плата за вработените во претпријатието. Тој, како...

Вечер открива нов судски скандал: Еве како се „обработува“ судија од Апелација за потребите на една од странките

Обвинителството и судството имаат доверба во јавноста од само 2%, дека има причина за таа ниска доверба граѓаните гледаат докази преку сопствени искуства и...

ИН МЕМОРИАМ: Почина познатиот сликар Коле Манев

Јана Манева Чупоска на социјалните мрежи објави дека починал нејзинот татко, познатиот сликар Коле Манев. Коле Манев е роден во Бапчор, Костурско, Егејска...