14.6 C
Ohrid
сабота, јуни 12, 2021
Почетна Македонија ИНДИСКИ СОЈ ИМА ПАЦИЕНТ ВО ПРИВАТНА БОЛНИЦА КОЈ СЕ ВРАТИЛ ОД ИРАК,...

ИНДИСКИ СОЈ ИМА ПАЦИЕНТ ВО ПРИВАТНА БОЛНИЦА КОЈ СЕ ВРАТИЛ ОД ИРАК, НЕ Е ЗНАК ЗА РИЗИК, ВЕЛИ МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО

Translate (Eng):[gtranslate]

Кај пациент кој е хоспитализиран во приватна болница во земјава, минатата недела било детектирано присуство на индиски сој на ковид-19, соопшти Министерството за здравство.„Според епидемиолошката анкета која ја направила болницата, пациентот се вратил од Ирак, каде претходно 10 дена бил болен и хоспитализиран. Кога се вратил во земјава, веднаш со посебно санитетско возило бил пренесен во болницата. Состојбата на пациентот е стабилна и овој пациент не е знак за ризик“, велат од Министерството објавува сдк.мк.

Оттаму додаваат дека денеска министерот за здравство Венко Филипче, по предлог на Комисијата за заразни болести денеска на Главниот кризен штаб му предложи полицискиот час и мерките да останат да важат до 15 јуни, на територија на цела држава.

„Министерот образложи дека овој предлог на Комисијата е поради тоа како би се ограничило дополнително групирање во доцните часови. Целосниот текст во сдк.мк

РЕКЛАМА

 

- Реклами -