23.9 C
Ohrid
недела, јуни 29, 2025
ПочетнаМакедонијаДржавата ќе дава пари за да се вгради плин во колата

Државата ќе дава пари за да се вгради плин во колата

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Промовирана првата мерка од „Зелената агенда“. Се однесува на справување со аерозагадувањето од возилата.

<

“Субвенционирање на граѓани кои ќе вградат уреди за течен гас , метан и друг вид на алтернативно гориво во возилата.

Оваа мерка за првпат беше спроведена во 2019 та гдина кога беа субвенционирани на д 730 граѓани кои вградија вакви уреди во возилата“, посочи министерот за економија Крешник Бектеши. Од утре граѓаните ќе може да аплицираат за субвенции за вградување на плин во возилата.

Според огласот на Министерот за економија сите граѓани коишто од утре ќе вградат ваков вид на уреди во своите возила ќе можат да остварат право на поврат од 50 проценти од средствата за вградување на плински уред, но не повеќе од 18.000 денари односно 300 евра.

За оваа мерка од буџетот на Министерството за економија предвидени се 11 милиони денари односно пари ќе има за околу 600 граѓани.

„Оваа мерка која што произлегува од Законот за моторни возила се однесува на две важни подрачја, а тоа е сообраќајот и екологијата и се плод на барањата на граѓаните, има главна цел да се намали загадувањето на воздухот од страна на возилата.

Огласот ќе трае точно 60 дена од денот на објавувањето и ќе се одвива по принципот ‘Прв дојден, прв услужен‘. Надоместок на дел од трошоците ќе се врши за само едно возило во семејство.

Ова е потврда дека ние заедно се залагаме за подобра и зелена иднина преку усвојување на зелената агенда како општество и како влада“, рече министерот за економија Крешник Бектеши.

Оваа мерка за прв пат беше спроведена во 2019 година кога беа субвенционирани 731 граѓанин кој што вградија вакви уреди во своите возила.

Минатата година како резултат на пандемијата и пренамена на средствата предвидени за оваа мерка за поддршка на најпогодените граѓани и компании од ковид кризата, оваа мерка не беше спроведена.

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро, во близина на градската плажа. Телото го забележале двајца граѓани кои...

По цели 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да го напуштат Мелбурн и да се вратат во татковината.

По цели 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да го напуштат Мелбурн и да се вратат во татковината. Нивната нова...

Стојанче Ангелов: Најдов двајца пилоти, од есен ќе започнат со обука

Директорот на Агенцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, во емисијата „Трилинг“ реферираше дека сите три противпожарни авиони ер-трактори се во функција, со тоа...

Андоновски: Доаѓа крај на хартиените документи – возачка и лична карта сè на мобилен телефон

На Самитот за дигитализација на Западен Балкан, што ќе се одржи на 1 и 2 октомври во Скопје, официјално ќе биде претставена македонската апликација...