3.9 C
Ohrid
четврток, декември 26, 2024
ПочетнаМакедонијаПендаровски за „Политика“: За македонскиот идентитет не може да се преговара

Пендаровски за „Политика“: За македонскиот идентитет не може да се преговара

spot_img

Македонскиот идентитет и јазик не се, ниту пак би можеле да бидат предмет на какви било преговори. Нашиот идентитет и македонскиот јазик се резултат на културен и научен факт, резултат на долгогодишниот историски и културен развој. Впрочем, процесот на развојот на нашиот идентитет и јазик по ништо не се разликува од развојот на јазиците и културите на соседните народи, истакнува претседателот на државата Стево Пендаровски во интервју за белградска „Политика“ објавено денеска.

– Северна Македонија споредено со своите соседи, најдоцна ја заокружува својата државност низ еден сложен процес на борба за национално ослободување и еманципација и веројатно тој фактор има големо влијание врз одредени негаторски тенденции кај дел од јавноста и политичарите во соседните држави. Меѓутоа, нашата државност и нашиот стандарден јазик се заокружен процес и тој факт треба да биде прифатен од сите, како клучен чекор кон градењето на соработка имајќи предвид дека сите соседни држави имаат иста стратешка ориентација во Евроспката Унија, вели Пендаровски.

Во интервјуто, како што јави дописникот на МИА од Белград, претседателот Пендаровски говори и за евроинтегративниот пат на земјата, за спорот со Бугарија, како и за помошта што земјата ја доби од Србија во справувањето со последиците од пандемијата.

-Ние сме и благодарни на пријателска Србија за навремената помош во справувањето со последиците од пандемијата, а особено во процесот на вакцинацијата. Србија стори се што е во нејзините можности да ни помогне и ние тој пријателски гест знаеме да го цениме и нема да го заборавиме, нагласува Пендаровски.

Зборувајќи за односите меѓу двете држави и отворањето на културните центри во Скопје и Белград, Пендаровски оценува дека двете држави немаат отворени прашања и насочени се кон постојано унапредување на соработката. Владите, како што посочува, веќе разменуваат идеи и конкретни предлози бидејќи културната соработка е еден од најдобрите начини за зацврстување на севкупните врски и односи меѓу нашите народи и држави.

Во поглед на препреките на европскиот пат на Северна Македонија и земјите од регионот, Пендаровски со став дека РСМ направила тешки компромиси со цел да стане полноправна членка на НАТО и во иднина членка на ЕУ.

-Членството во ЕУ е клучно за севкупниот развој на сите држави и за европската интеграција немаме реална алтернатива. Но, интеграцијата на регионот во ЕУ е и стратешки интерес за самата Унија, па и геополитичко прашање, во контекст на заложбите за зајакнување на улогата на Унијата како актер во меѓународниот поредок. ЕУ им даде јасно ветување на државите од регионот дека имаат европска перспектива уште од времето на Солунскиот самит во 2003 година. Вложувањето на напори за реализација на ова ветување е прашање и за кредибилитетот на самата Унија. Често пати слушаме за замор од проширувањето, што од аспект на дневната политика е разбирливо, но стратешки, европскиот проект нема да биде комплетиран без интеграцијата на нашиот регион во ЕУ, смета Пендаровски.

Разговорите со бугарскиот претседател Румен Радев во Скопје и Рим, ги оценува како позитивен сигнал за односите меѓу двете држави и намалување на тензијата која изминатиот период се подгревала на различни начини.

-Верувам дека е во интерес на двете држави, но и на самата ЕУ, час поскоро да се најде излез од ситуацијата и во тој контекст ги цениме напорите на Португалското претседателство со ЕУ. Нивниот предлог го сметаме за солидна основа за понатамошното водење на разговорите. Двете држави имаат капацитет да ги решаваат прашањата со дијалог. Впрочем, ние ова го докажавме со потпишувањето на Договорот за добрососедство и соработка со Бугарија во 2017 г., кој е мошне значаен договор и претставува основа за градењето на понатамошните односи и соработката меѓу двете држави и зближување на двата народи, вели Пендаровски.

Одговарајќи на прашање на „Политика“ за распадот на Југославија, идеите за ново прекројување на границите и улогата на НАТО, Пендаровски вели дека „не може истовремено да го одите европскиот пат, а од друга страна да поддржувате анахрони идеи кои припаѓаат на политичката историја и немаат ништо заедничко со реалноста“.

-Распадот на поранешна Југославија е завршен процес. Секое ново отворање на прашањето на границите има потенцијал да не врати во ерата на војните од 90-тите години и да донесе нови човечки страдања и економско уназадување. НАТО го исполни своето ветување кон мојата држава и денес РСМ е 30-та полноправна членка на НАТО, која го гарантира територијалниот интегритет и независноста на мојата држава, вели Пендаровски.

Додава дека положбата на етничките Албанци, државјани на Северна Македонија, не е дел од некакаво регионално албанско прашање, туку е дел од нашиот внатрешен уставен и политички поредок.

Во поглед на Косово, оценува дека „нашата постојана заложба е да градиме добри односи со Косово, бидејќи на тој начин ги исполнуваме нашите национални интереси, но придонесуваме кон зацврсрувањето на регионалната соработка, нешто што е и висок надворешно-политички приоритет и на пријателска Србија. Од друга страна, вели Пендаровски, сметам дека лобирањето за понатамошно признавање на Косово е внатрешно прашање на косовската политика.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Идентификувани првите жртви по авионската несреќа во Казахстан: Игор и Александар управувале со леталото

Од компанијата „Азербејџан ерлајнс“ се огласија по повод трагичниот настан кога патнички авион се урна вчераутро во близина на градот Актау во Казахстан, при...

Вондредна инспекција во маркетите, доколку не се намалат цените на основните прехранбени производи ќе преземеме поригорозни мерки, најави Дурмиши

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши денеска одржа прес-конференција на која информираше за активностите кои ќе ги преземе Министерството за економија и труд...

Трипуновски: Децата ги фрлаа јаболкaта и крушите што ги добиваа, а се потрошија над 40 милиони денари, таа мерка ќе се модификува

Мерката на претходната Влада за помош на овоштарството со која учениците и децата во градинките добиваа јаболка, сегашниот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство,...

Полициски службеници од Гази Баба и Арачиново си делеле бонус плати

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција –...