5.9 C
Ohrid
среда, декември 11, 2024
ПочетнаМакедонијаОд 1 октомври недела ќе биде неработен ден.

Од 1 октомври недела ќе биде неработен ден.

spot_img

Премиерот и ресорните министри велат дека целта на новиот концепт е да се постигне рамнотежа меѓу приватниот и професионалниот дел од животот на работниците
Од 1 октомври да стартува концептот недела -неработен ден се предвидува со измените на Законот за работни односи, што Владата ги усвои на денешната седница.

Премиерот Зоран Заев најави дека предлог-измените веднаш ќе бидат доставени до собраниска процедура. Целта е, како што рече, да се постигне рамнотежа меѓу приватниот и професионалниот дел од животот на работниците.

Законските измени, рече Заев, се донесени во инклузивен процес со работодавачите и со синдикатите.

„Ова е ветување што Владата ги имаше како приоритет во програмата. Со ова се прави исчекор кон унапредување на работничките права и продолжување на поддршката за работниците,

истакна Заев, додавајќи дека посебна грижа е водена за оние работници кои ќе работат во недела.
Предвидени се исклучоци за оние дејности кои не можат да го прекинат работниот процес. Имплементацијата на законот ќе биде следена од Инсекторатот за труд. Работодавачите кои ќе работат во недела ќе мора тоа да го пријават во Инспекторатот.

Работниците кои ќе работат во недела ќе добијат поголема дневница и слободен ден, што ќе може да го користат во наредните 7 дена, соопшти министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска. Таа посочи дека се предвидени и посебни санкции за непочитување на законските решенија.

„На работодавачите кои ќе го прекршат законот, ќе им се забрани работа од 15 дена и ќе им се издаде прекшочен платен налог. Доколку работодавачот го повтори истиот прекршок во рок од една година, забраната за работа ќе биде 30 дена. Во периодите на забрана за работа, работодавачот ќе има обврска на работниците да им исплаќа надоместок за плата во висина на платата исплатена претходниот месец и притоа не може да го намали бројот на работници“,

појасни Шахпаска.

Министерот за економија Крешник Бектеши рече дека Владата, паралелно, донесе и измени на Законот за трговија, кои се услогласуваат со измените во Законот за работни односи за недела – неработен ден. Тој рече дека исклучок од неработењето в недела се продавници и штандови за продажба на сладолед, колачи, весници, апетисани… во туристички центри, продавници во трговските центри, кои може да работат само една смена – од 10 до 18 часот, штандови за време на саеми и други настани, продавници за трговија на мало каде што трговијата ја врши сопственикот.

360степени

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кирил Пецаков : Со чесна и транспарентна работа, промените во Охрид се гледаат

Кирил Пецаков - Градоначалник на Општина Охрид: Со чесна и транспарентна работа, промените во Охрид се гледаат Охрид, со својата историја, култура, природни убавини и...

Васко Ковачевски сепак не е уапсен, заминал од државата уште во септември

Иако првичните информации во јавноста и медумите беа дека е уапсен поранешниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски во големата полициска акција што почна утрово...

Ковачевски е во бегство, но ќе го најдеме !!!

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција во Владата потврди дека екс директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски е надвор од државата. Тој додаде дека единствено...

Во голема акција на МВР уапсен Васко Ковачевски и уште 28 лица

Васко Ковачевски поранешениот директор на ЕСМ е еден од 29 физички лица кои се уапсени во денешната акција на МВР, поврзана со работењето на...