15.3 C
Ohrid
четврток, јуни 17, 2021
Почетна Македонија Јавната администрација годинава ќе добие и К-15

Јавната администрација годинава ќе добие и К-15

Translate (Eng):[gtranslate]

Јавната администрација годинава ќе го го добие регресот за годишен одмор или таканаречениот К-15 и за таа намена се алоцирани дополнителни 230 милиони денари. Според премиерот Зоран Заев, тоа е обврска од потпишаните колективни договори во 2019 година и таа треба да се исполни.

– Колективните договори се потпишани во 2019 година. Ние сме благодарни на сите синдикални организции кои имаа разбирање за одложување на оваа мерка за 2020 година, со оглед на ситуацијата и не беше во ред да се исплати додатокот кога беше почнат третиот бран. Но, годинава треба да се исплати. Тоа сме го ветиле и не само што сме го ветиле, туку е потпишан договор за оваа работа и тој треба да се реализира – рече премиерот на денешната прес-конференција и додаде дека за тоа веќе се алоцирани дополнителни 230 милиони денари и овој регрес на годишен одмор ќе го добијат сите вработени опфатени со колективните договори.

РЕКЛАМА
- Реклами -